ОТКУП НА ОСИГУРУВАЊЕТО Примери за клаузули

ОТКУП НА ОСИГУРУВАЊЕТО. [1] На барање на договорувач, осигурувачот мора да ја исплати откупната вредност на полисата ако Договорот не бил раскинат и ако од почетокот на осигурувањето до откупот поминало: 1) кај осигурувања со договорено траење на осигурување вклучително до 12 години – барем две години и премиите да се платени за најмалку две години и 2) кај осигурувања со договорено траење на осигурување од 13 до 25 години – барем три години и премиите да се платени за најмалку три години. [2] Откупната вредност на полисата со исполнување на минималните услови од првиот став на овој член изнесува 95 % од математичката резерва пресметана по методите на актуарската математика. Откупната вредност на осигурувањето во подоцнежниот период е еднаква на висината на математичката резерва во моментот на откупот, намалена за толкав сразмерен удел помеѓу 5 % и 0 % за по истекот на договореното траење на осигурувањето откупната вредност на осигурувањето да биде еднаква на 100 % од математичката резерва. [3] Откупната вредност на дополнителната осигурена сума на име добивка изнесува 80 % од математичката резерва на име учество во добивката. [4] Кај осигурување на живот со штедење со еднократна уплата на премијата, откуп на полисата може да се направи по изминување на првата година. [5] Откуп на осигурувањето не е можен ако договорувач е ослободен од плаќање на понатамошните осигурителни премии. [6] Правата на откуп не можат да ги остварат доверителите на договорувач, ниту пак корисникот. Осигурувачот откупната вредност му ја исплаќа на корисникот, ако одредувањето на корисникот е неотповикливо. [7] Осигурувачот ја исплаќа откупната вредност на полисата во рок од 14 дена од приемот на целосното барање за откуп. Обврската на осигурувачот при откупот на осигурувањето престанува во 00.00 часот оној ден кога откупната вредност е исплатена, односно најдоцна по истекот на месецот за кој е платена последната премија.
ОТКУП НА ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. На пишаното барање на Договорувачот на осигурувањето Осигурувачот е должен во рок од 14 дена од денот на приемот на барањето да ја исплати откупната вредност на полисата во согласност со Табелата на откупни вредности, ако се платени договорените премии, по истекувањето на 3 (три) години од траењето на осигурувањето. Висината на откупната вредност не е во размер со платените премии. 2. Правото на откуп на полисата на осигурување постои и доколку е намалена висината на осигурената сума во согласност со овие Услови како и доколку е извршено зголемување на полисата во согласност со овие Услови. Во случај обврските на Договорувачот по унапредувањето да постои и во моментот на поднесувањето на барањето за откуп на полисата, Договорувачот на осигурувањето разликата ќе биде исплатена. 3. Правото на барање на откуп го немаат доверителите на Договорувачот, како ниту корисникот на осигурување. 4. Со исклучок на претходниот став, откупот на полисата може да го бара доверителот на кого полисата му е предадена како залог, ако побарувањето заради чие осигурувањето е дадено во залог не биде подмирено до датумот на доспевање. 5. Обврската на Осигурувачот при откупот на осигурувањето престанува во 00:00 часот оној ден кога е извршена исплатата на откупната вредност.
ОТКУП НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) По барање на договорувачот, осигурувачот мора да ја исплати откупната вредност на полисата за инвестициско осигурување на живот ако Договорот не бил раскинат, ако од почетокот на осигурувањето до откупот поминале две години и ако премиите се платени за најмалку две години. (2) Откупната вредност на полисата се пресметува на пресметковниот ден во месецот по приемот на писменото барање, коешто мора да биде доставено до осигурувачот најмалку 8 (осум) дена пред крајот на месецот. Во спротивно, откупната вредност на средствата се пресметува на пресметковниот ден следниот месец по приемот на барањето. (3) Откупната вредност е еднаква на вредноста на имотот на инвестициската сметка. (4) Откуп на осигурувањето не е можен ако договорувачот е ослободен од плаќање на понатамошните осигурителни премии. (5) Правата на откуп не можат да ги остварат доверителите на договорувачот, ниту пак корисникот. Осигурувачот откупната вредност му ја исплаќа на корисникот, ако одредувањето на корисникот е неотповикливо. [6] Осигурувачот ја исплаќа откупната вредност на полисата во рок од 14 дена од приемот на целосното барање за откуп.
ОТКУП НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) На барање на договорувачот на осигурувањето, осигурувачот мора да ја исплати откупната вредност на полисата, доколку договорот за осигурување не е претходно раскинат и ако од почетокот на осигурувањето до моментот на барањето за откуп се поминати: 1) кај осигурувања со договорено траење на осигурување вклучително до 12 години – барем две години и премиите да се платени за најмалку две години и 2) кај осигурувања со договорено траење на осигурување од 13 до 25 години – барем три години и премиите да се платени за најмалку три години. (2) Откупната вредност на полисата со исполнување на минималните услови од првиот став на овој член изнесува 95 % од математичката резерва пресметана по методите на актуарската математика. Откупната вредност на осигурувањето во подоцнежниот период е еднаква на висината на математичката резерва во моментот на откупот, намалена за толкав сразмерен удел помеѓу 5 % и 0 % за по истекот на договореното траење на осигурувањето откупната вредност на осигурувањето да биде еднаква на 100 % од математичката резерва. 3.Откупната вредност на осигурувањето во периодот на исплата на рата изнесува 95% од математичката резерва 3.Откупна вредност на дополнителната осигурена сума на име на добивка изнесува 80% од математичката резерва за учеството во добивка. 4.Откуп на осигурувањето не е можен ако договорувачот е ослободен од плаќање на понатамошните осигурителни премии.
ОТКУП НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) По барање на договарачот, осигурувачот мора да ја исплати откупната вредност на полисата за инвестициско осигурување на живот ако Договорот не бил раскинат и ако од почетокот на осигурувањето до откупот поминале две години и ако премиите се платени за најмалку две години. (2) Откупната вредност на полисата се пресметува на пресметковниот ден во месецот по приемот на писменото барање, коешто мора да биде доставено до осигурувачот најмалку 8 (осум) дена пред крајот на месецот. Во спротивно, откупната вредност на средствата се пресметува на пресметковниот ден следниот месец по приемот на барањето. (3) Откупната ВЕИ на инвестициската сметка е различна за почетните единици и редовните единици, и тоа: 1) откупната вредност на почетните единици имот е еднаква на производот од ВЕИ на поединечниот фонд и откупниот фактор, кој може да се види во табелата за откупни фактори; 2) откупната вредност на редовните единици имот (сите единици имот, освен почетните единици имот) е еднаква на ВЕИ на поединечниот фонд. (4) Откуп на осигурувањето според став 1 на овој член може да се бара во следните случаи: 1) иселување од Република Северна Македонија; 2) смрт на корисникот или на член од потесното семејство; 3) стопроцентна трајна инвалидност или загуба на деловната способност, или потешка болест на осигуреникот; 4) развод на бракот при заемното осигурување на брачните другари, односно престанок на вонбрачната заедница; 5) непрекината невработеност на договарачот за период подолг од три месеци и 6) ако околностите при склучувањето на Договорот се промениле така што поради тоа повеќе нема смисла тој да продолжи. (5) Откуп на осигурувањето не е можен ако договарачот е ослободен од плаќање на понатамошните осигурителни премии. (6) Правата на откуп не можат да ги остварат доверителите на договарачот, ниту пак корисникот. Осигурувачот откупната вредност му ја исплаќа на корисникот, ако одредувањето на корисникот е неотповикливо. (7) Обврската на осигурувачот при откупот на осигурувањето престанува во 24:00 часот на денот на пресметување на откупната вредност.

Related to ОТКУП НА ОСИГУРУВАЊЕТО

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.