Предмет Примери за клаузули

Предмет. (1) Со овој Договор се регулираат меѓусебните права и обврски помеѓу Давателот на платежни услуги и Корисникот на платежни услуги во врска со извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции како и условите за отворање, одржување и затворање на платежна/и сметка/и, издавање и користење на дебитна картичка поврзана со платежна сметка, издавање и користење на кредитна картичка и услуги на електронско/мобилно банкарство. (2) Со потпишување на овој Рамковен договор, Корисникот на платежни услуги потврдува дека ги примил, прочитал, ги разбрал и се согласил со следните Прилози кои се составен дел на овој Рамковен договор: • Општи правила и услови за платежна сметка и платежни услуги за физички лица • Општи правила и услови за платежна сметка и платежни услуги за правни лица • Барање за платежна сметка и платежни услуги, во натамошниот текст: ”Барање” • Барање за издавање и користење на кредитна картичка • Одлука за надоместоци за физички лица • Одлука за надоместоци за правни лица, (3) Доколку Корисникот на платежни услуги е и корисник на дебитна картичка, кредитна картичка, мобилно и/или електронско банкарство покрај Прилозите набројани во став 2 од овој член Рамковниот договор ги вклучува и: • Општи правила и услови за издавање и користење на дебитни картички на физички лица • Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Bussines дебитна картичка • Општи правила и услови за издавање и користење на кредитни картички за физички лица • Општи правила и услови за издавање и користење на Master Card Business кредитна картичка • Општи правила и услови за електронско банкарство • Општи правила и услови за користење на пакети на физички лица • Општи правила и услови за користење на пакети на правни лица (4) Договорните страни се согласни со правото на Давателот на платежни услуги да врши ажурирање на Прилозите наведени во став 2 и 3 од овој член, без да се склучи Xxxxx кон овој Договор, а ажурираните верзии да бидат достапни во електронски облик на видно место на веб страната и во печатена форма во експозитурите на Давателот на платежни услуги. (5) Со потпишување на овој Договор, Корисникот на платежни услуги потврдува дека пред потпишувањето на овој Договор ги примил, прочитал, разбрал и се согласил со условите од: - прилозите од став 2 и 3 од овој член -информативниот документ за надоместоци за услугите сo стандардизирани термини и дефиниции од листата на најрепрезентативни услуги поврзани со платежна сметка на НБРСМ и надоместоците за услуги...
Предмет. 1.1. Овој Договор ги уредува условите, права и обврските на Банката и Корисникот за идните извршувања на поединечни и последователни платежни трансакции во однос на следните услуги: 1.1.1.отворање, одржување и затворање на платежна сметка; 1.1.2.издавање на дебитна платежна картичка поврзана со платежната сметка; и 1.1.3.услуги на електронско / мобилно банкарство поврзано со платежната сметка. 1.2. Составен дел од овој Договор се и: 1.2.1.Барањето од Корисникот до Банката за користење на соодветна платежна услуга поднесено на интерни обрасци на Банката, кое го опфаќа Барањето за отворање на платежна сметка од Корисникот, како и Барањето за добивање и користење на дебитна картичка од Корисникот и Пријавата за користење на НЛБ клик- Електронско / мобилно банкарство за физички лица („Барањето за користење на платежна услуга од Корисникот“ или „Барањето“); 1.2.2.Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на физички лица на НЛБ Банка АД Скопје („Општите услови“); 1.2.3.важечката Одлука за Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува за услугите за физички лица кој се предмет на овој договор; 1.2.4.важечката Одлука за политиката на каматните стапки на НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува на услугите за физички лица кој се предмет на овој договор; 1.2.5.важечкиот Термински план за вршење на платен промет со странство на НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува за физички лица кој се предмет на овој договор; 1.2.6.важечкиот Термински план за вршење на платен промет во земјата на НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува за физички лица кој се предмет на овој договор; и 1.2.7.Поимникот за платежни услуги и платни системи на НЛБ Банка АД Скопје. 1.3. Овој Договор, заедно со документите наведени во член 1.2 погоре го сочинуваат Рамковниот договор за платежни услуги помеѓу Банката и Корисникот („Рамковниот договор“). 1.4. Страните се согласуваат дека Xxxxxxx го задржува правото да ги измени и/или дополни Општите услови за времето на важење на овој Договор, без да се склучи посебен анекс на овој Договор. Начинот на измена и/или дополнување на Општите услови и известување на Корисникот е уредено во Општите услови. 1.5. Корисникот потврдува дека пред потпишувањето на овој Договор, на јасен и недвосмислен начин бил информиран и запознаен со содржината на Рамковниот договор преку доставување на примерок на предлог рамковен договор и дека пред склучувањето н...
Предмет. Предмет на овој договор е регулирање на правата и обврските помеѓу СБ и Клиентот/овластен менувач во врска со начинот на отворање, водење и затворање на девизна трансакциона сметка/ИД број, која ќе служи исклучиво за вршење менувачки работи.
Предмет. Предмет на овој договор е регулирање на правата и обврските помеѓу СБ и Учесникот во врска со начинот на отворање, водење и затворање на трансакциската сметка за вршење на платен промет во земјата.
Предмет. Предмет на овој рамковен договор e набавка на услуги за дизајн и печатење на публикации со број 11-0307-х/х („услугите“).
Предмет. 1.1 Проектот INTERVET WB ќе обезбеди финансиска поддршка на Учесникот за реализација на период на мобилност во странство. 1.2 Учесникот ја прифаќа финансиската поддршка наведена во чл. 3 и се обврзува да го заврши периодот на мобилност, како што е предвидено во Општите услови, што претставува составен дел на овој договор.
Предмет. Изработка на софтверско решение за надргадба на интернет порталот xxx.xxxxxxxxxxxxx.xx
Предмет. 1. Со овие општи услови ТТК Банка АД Скопје ги определува условите за отворање, за водење и за затворање девизни трансакциски сметки на физички - лица резиденти, роковите поврзани со извршувањето на налозите, пресметка на каматата на средствата на сметките, надоместоците и трошоците во врска со вршењето на услугите, начините и роковите за известување на Имателите на сметките, рекламациите и важноста на овие општи услови. 2. Составен дел од овие општи услови се: ⮚ Извадок од важечката Одлука за тарифата за надоместоците на услугите што ги врши ТТК Банка АД Скопје којшто се однесува на работењето што е предмет на овие општи услови; ⮚ Извадок од важечката Одлука за политиката на каматните стапки на ТТК Банка АД Скопје којшто се однесува на работењето што е предмет на овие општи услови; ⮚ Терминските планови за вршење платен промет со странство.
Предмет. 1.1. Општите услови на Договорите за снабдување со електрична енергија на ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје за мали потрошувачи и домаќинства (во натамошниот текст "Општи услови"), ги дефинираат условите за продажба и купување, односно испорака и преземање на испорачаните или договорени количини на електрична енергија на мерните места наведени во Договорот за снабдување со електрична енергија (во натамошниот текст, „Договор за снабдување“), правата и обврските на ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје како снабдувач со електрична енергија (во натамошниот текст „Снабдувач“) и правата и обврските на малите потрошувачи и домаќинства што ќе одлучи да се снабдува со електрична енергија од Снабдувач (во натамошниот текст: „Потрошувач“). 1.2. Одредбите од овие Општи услови се составен дел на Договорот за снабдување и обврзувачки за двете договорни страни. Доколку прашањата регулирани со овие Општи услови се регулирани со Договорот за снабдување на поинаков начин, ќе се применуваат одредбите на Договорот за снабдување. 1.3. Доколку одредени односи помеѓу Потрошувачот и Снабдувачот не се регулирани со Општите услови и Договорот за снабдување, одредбите на Законот за енергетика, Правилата за снабдување со електрична енергија, Законот за облигациони односи и другите позитивни прописи ќе се соодветно применуваат во односите помеѓу Снабдувачот и Потрошувачот. 1.4. Овие општи услови се применливи за сите малите потрошувачи и домаќинства кои ги исполнуваат условите за учество на пазарот. 1.5. Овие Општи услови се објавени на веб-страницата на Снабдувачот (xxx.xxxxxxxxxxx.xx).
Предмет. Со овој Договор се регулираат меѓусебните права и обврски помеѓу Xxxxxxx и Корисникот во врска со отворање, одржување и затворање на платежна сметка и тоа: Платежна сметка во денари со број Платежна сметка во странски валути со број и со идните извршувања на поединечни и последователни платежни трансакции во земјата и во странство согласно со важечките законски прописи и интерните акти на Банката.