ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ Примери за клаузули

ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ. Овој договор се склучува на неопределено време. Истиот може да се раскине со писмено известување доставено до другата договорна страна на горенаведените адреси, со отказен рок од 30 дена.
ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ. 10.1 Договорот престанува во следните случаи: - со целосно исполнување на обврските на договорните страни; - со предвремено еднострано раскинување на договорот од страна на Давателот на лизинг; - со пропаѓање на предметот на лизинг (тотална штета); - со смрт на физичко лице, односно престанок на правно лице – Корисник на лизинг, доколку нема правен следбеник кој ги задоволува критериумите да го преземе/продолжи лизингот. 10.2 Во случај на смрт на физичко лице, односно престанок на правно лице – Корисник на лизинг, Давателот на лизинг е овластен да го одземе предметот на лизинг лично или преку овластено лице од негова страна и да поведе постапка за присилна наплата на доспеаните, а ненаплатени побарувања, кои вклучуваат: месечни плаќања/рати, договорна камата, законска казнена камата и трошоци по Договорот. 10.3 Со предвремено еднострано раскинување на договорот од страна на Xxxxxxxxx на лизинг престанува и правниот основ да Корисникот на лизинг го држи во владение предметот на лизинг.
ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ. Член 15 Договорот престанува да важи во следниве случаи: 1) xxx XXX го изгуби статусот на учесник на пазарот согласно Правилата за пазар на електрична енергија, 2) на барање на БОС,со одлука на ОПЕЕ со која му престанува статусот согласно Правилата за пазар на електрична енергија. Сите финансиски обрски кои ги има БОС кон ОЕПС до моментот на престанување на важење на Договорот, БОС е должна во целост да ги подмири.
ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ. Член 21 БОС може да биде привремено неактивен согласно Член 60 од Правилата за балансирање на ЕЕС. Член 22 Во согласност со Член 61 од Правилата за балансирање на ЕЕС, Договорот за балансна одговорност престанува: 1) по истекување, одземање или суспензија на лиценцата, 2) со престанување на Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, 3) со раскинување од страна на АД МЕПСО, ако БОС: - не ги исполнува обврските согласно Договорот за балансна одговорност, - при регистрацијата за стекнување на статус на БОС користел лажни податоци, - не склучи Xxxxx на Договорот за балансна одговорност, ако за такво нешто има потреба.
ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ. Член 19 БОС може да биде привремено неактивен согласно Член 60 од Правилата за балансирање на ЕЕС. Член 20 Во согласност со Член 61 од Правилата за балансирање на ЕЕС, Договорот за балансна одговорност престанува: 1) по истекување, одземање или суспензија на лиценцата, 2) со престанување на Договорот за учество на пазарот на електрична енергија, 3) со раскинување од страна на ОЕПС, ако БОС: -не ги исполнува обврските согласно Договорот за балансна одговорност, -при регистрацијата за стекнување на статус на БОС користел лажни податоци, Овој Договор може да биде раскинат спогодбено со заемна согласност на двете договорни страни. За спогодбеното раскинување на Договорот, договорните страни ќе склучат писмена спогодба со која ќе ги уредат спорните прашања, во спротивно нема да се смета дека Договорот е спогодбено раскинат. Договорната страна која предлага спогодбено раскинување на овој Договор е должна за истото да ја извести другата договорна страна 30 дена предходно, со претходно писмено известување. Во случај на престанок на овој Договор, финансиските обврски кои произлегуваат од истиот ќе продолжат да важат и истите треба да се подмират од страна на БОС.
ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ. (1) Договорот за осигурување престанува да важи онака како тоа е предвидено со важечките прописи односно правните правила на имотното право и договорот.
ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ. 11.1Договорот престанува во следните случаи: - со целосно исполнување на обврските на договорните страни; - со предвремено еднострано раскинување на договорот од страна на Давателот на лизинг; - со пропаѓање на предметот на лизинг (тотална штета); - со смрт на физичко лице, односно престанок на правно лице – Корисник на лизинг, доколку нема правен следбеник кој ги задоволува критериумите да го превземе лизингот.

Related to ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ

  • ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и Здравствената установа за обезбедување и извршување на основни здравствени услуги на осигурените лица во примарната здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е : 1.3.2 Предметот на договорот за јавна набавка не е деллив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива. 1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба. 1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање. 6.1.2 Доколку во текот на аукцијата нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката. 6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда. 6.1.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена во ЕСЈН после што може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот. 6.1.5 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки. 6.1.6 По завршувањето на електронската аукција/поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата/по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени. 1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ број 41/08).

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.