Резиме Примери за клаузули

Резиме. Согласно чл. 54 став 9 од ЗОО Фондот договара обезбедување на здраствени услуги на осигурените лица со здраствените установи според нормативи и стандарди базирани врз усвоена медицинска доктрина и медицина базирана на докази за ефикасна и рационална здраствена заштита. Следствено, во случај на спор околу одредени одредби од Договорите или предлог забелешки за измена и дополнување на Договорите, страната што оспорува одредена одредба или предлог забелешка може да ја повика другата страна да докаже дека спорната одредба или предлог забелешка ги исполнува горните критериуими, односно дека одредбата или предлогот се базира на нормативи и стандарди базирани од усвоена медицинска доктрина и медицина базирана на докази за ефикасна и рационална здраствена заштита.
Резиме. Успешното основање на ДАСМ не е само основање правно лице, туку и поставување целосно функционална организација којашто ќе може да се справи со новиот предизвик. Ќе бидат потребни 12 до 18 месеци за да се постигне соодветно ниво на зрелост, имајќи предвид дека постои вистинско покровителство од највисоко ниво и поддршка. Ќе биде потребен буџет од 15 милиони денари за поддршка на подготовките. Сепак, овде не е вклучено финансирањето на организацијата коешто мора да се обезбеди.
Резиме. Отсекот за управување со програми е механизам што функционира во рамките на ДАСМ. Замислуваме мал посветен тим (раководство) поддржан од голем број посветени искусни професионалци (менаџери на проекти) од приватниот сектор и основен тим на вработени во јавниот сектор на високо ниво, со искуство во управувањето со проекти.
Резиме. Ова е прва (и најважна) активност којашто ќе поддржи рационализирање на услугите на е-Влада. Потребно е да се воспостави стандард за услуги особено кога проектите се спроведуваат од различни институции или надворешни добавувачи. Исто така, со него се поставуваат минималните услови коишто ја штитат вистинската вредност за крајните приматели/корисници (на пр. граѓани и деловни субјекти). Ова може да биде тековна активност, но првата верзија би требало да биде изготвена и објавена за 9 до 12 месеци.
Резиме. Оваа група активности го сочинува главното тело на иницијативите на е-Влада. Ги вклучува најскапите и најсложените проекти неопходни за успешен развој на е-услугите. Тие се осмислени според принципите на „Референтната рамка за дигитални услуги“ и се очекува дека ќе ги користат и останатите проекти за е-Влада, со што ќе се избегнат повторувањата (како автентикација), што на крајот ќе доведе до намалување на вкупните трошоци (во споредба со сценариото на „неправење ништо“). Самото поставување приоритети и изборот на овие проекти претставуваат дел од одговорноста на Отсекот за управување со програми на ДАСМ.
Резиме. Кибер-безбедноста е еден од клучните фактори кои ги овозможуваат е-услугите, чиишто принципи се вклучени во структурата на Референтната рамка за дигитални услуги. Сепак, имајќи го предвид фактот дека постои посебна Национална стратегија за кибер-безбедност со Акциски план, се чини соодветно нејзиното следење да се спроведе во рамките на Националната стратегија за ИКТ во Северна Македонија 2021 - 2025 година. Посебна активност претставува систематската кампања за подигнување на свеста со која ќе се убедат јавноста и претпријатијата да им веруваат на понудените услуги и да бидат сигурни дека нивните податоци се обработуваат и се штитат во согласност со законот, а со цел испораката на услугите од традиционалните канали да се пренасочи кон електронските канали.
Резиме. PM Dublin Ireland T +000 0 000 0000 PM Cork Ireland T +000 00 000 0000 F +000 0 000 0000, E xxxxxx@xxx.xx xxx.xxx.xx F +000 00 000 0000, E xxxx@xxx.xx Прилеп бележи неконтинуиран пораст на населението во последниве 25 години, што е одраз на општите услови во изминатиов период на државно ниво. Од информациите дадени погоре јасно се гледа дека структурата на населението во регионот останала, во голема мерка, слична со националниот просек. Населението на работоспособна возраст е типично за област каде што постои доволна комерцијална/индустриска структура за да ги задржи луѓето од таа возраст во областа. Руралните области често имаат многу помал процент на работоспособно население, кое го напушта подрачјето за работа во поголем град.
Резиме. Овој документ се заснова на досегашните искуства од работата на судството во услови на вонредна или кризна состојба и ги истакнува последиците кои настанаа и влијаеа врз начините за пружање ефективна судска заштита. Прибавените податоци беа анализирани и систематизирани во една целина чија задача е да помогне кон изработката на документ кој ќе помогне за донесување посебни правилници со унифицирани принципи за постапување во вонредна состојба или кризна состојба во која директно се доведува во прашање функционирањето на судовите, а следствено на тоа и остварувањето на човековите права. Во ваквите ситуации, неопходна е примената на документ со посебни и унифицирани правила во согласност со Уставот и законите на Република Северна Македонија како и меѓународните стандарди. Во документот се разработени институционални и организациони сегменти во работата на судовите во вонредна состојба, и тоа согласно уставната положба и надлежност, меѓународните стандарди и практики, правила и практики на судската администрација и техничката опременост и ресурси за работа во вонредна состојба, начините на комуникација со странките и другите државни институции, како и финансиски аспекти и потреби за независно работење на судовите. Подготовката на ваквиот документ изискува посебна прецизност и концизност при изработката со цел основните човекови слободи и права непречено да се применуваат. За оваа цел од неопходна важност е учеството на сите засегнати страни, a-priori претставници т.е. практичари од судската власт како и професионалци и практичари од останати сфери и други области кои се однесуваат на заштита на интегритетот на Република Северна Македонија.
Резиме. Република Македонија во иднина се повеќе ќе биде зависна од увозот на енергија како резултат на ограничените извори на комерцијални енергетски резерви. Оваа зависност може да се ублажи со превземање на мерки во областа на енергетска ефикасност, со цел да и се помогне на домашната економија преку намалување на трошоците поврзани со увозот на енергија чија цена на светскиот пазар е со растечка тенденција, а со тоа би се продолжило траењето на домашните енергетски резерви. Технологиите за енергетска ефикасност нудат начини за подобрување на економската благосостојба преку намалување на еколошките загадувања предизвикани од употребата на енергија, вклучително и стакленичките гасови, со што би се придонело до намалување и на ризикот од глобалната промена на климата. Според Стратегијата за Енергетска Ефикасност на Република Македонија, енергетскиот интензитет на користење на енергија во Македонија, односно износот на потрошена енергија сведен на единица економски производ, е трипати поголем во споредба со САД и дури десет пати поголема од неколку земји од ЕУ. Од анализата на овие податоци детерминирани се причините за ваквите показатели, од кои како најзначајни би ги издвоиле: недоволна и слаба изолација на објектите, нередовно оддржување на енергетските системи во објектите, ниска свест на населението за примена на мерките за енергетска ефикасност, како и навиките за нерационалното трошење на енергија од страна на корисниците. Ова се воочените причини во јавниот, резиденцијалниот, комерцијалниот сектор, а не го исклучуваат и индустрискиот сектор. Следењето и промовирањето на енергетската ефикасност преку употреба на мерки и технологии за енергетска ефикасност ќе придонесе за заштеда на енергија, соодветно и подобрување на економијата на Општина Шуто Оризари. Целта на изготвување на Програмата за енергетска ефикасност беше да се согледаат потенцијалите за енергетска заштеда во објектите под ингеренции на Општината. Врз база на првично собраните податоци за потрошувачката на енергија и информации за моменталната состојба на објектите кои ги управува Општината, би можело да се идентификуваат можности и да се дадат препораки за заштеда на енергија и зголемување на енергетската ефикасност во наведените објекти. Квалитативните и квантитативните информации собрани за уличното осветлување и објектите под управа на Општина Шуто Оризари беа внесени во база на податоци, а резултатите добиени од нивната анализа се прикажани во оваа Програма за ЕЕ. Изготвувањето на Програма...
Резиме. Извештајот од сеопфатното истражување и анализа на потребите за формите за згрижување на старите лица е изработен во пет дела и прилози доставени на крајот од извештајот. Во првиот дел на анализата даден е преглед на методолошката заснованост на ова истражување и толкување на законската регулатива за равивање на установи за социјална заштита на стари лица. Прегледот на податоците добиени од истражувањето во вториот дел направен е за секоја општина преку однапред утврдена структура на информациите. Во анализата на секоја од општините опфатени со ова истражување даден е краток преглед на процентот на старите лица во дадената општина, видот на средината која е опфатена со истражувањето и населените места во општината низ кои се движеле анкетарите. Поради увидот дека во различни населени места во една иста општина има различна достапност на ресурси, истите и се посочени во воведните делови. Анкетите најчесто се реализирани во домовите на старите лица, но онаму каде што не постоеле услови, направени се и анкети надвор од домот. Исклучок е општина Чаир, каде поголем дел од анкетите се направени надвор од домовите на старите, но има и такви кои се направени во нивните домови. За секоја од општините прикажана е здравствената состојба на анкетираните стари лица и социјалните контакти кои тие ги одржуваат со средината. Во делот искуство на анкетарите на терен, прикажани се накратко впечатоците на анкетарите за спремноста и подготвеноста на старите лица да бидат дел од ова истражување, како и причините за нивниот став кон анкетитрањето. При изборот на истражувачкиот примерок, запазена е рамката на стратифициран примерок, по пол и возраст, со што е опфатено 2% на старото население во општината (Според податоците од ДЗС за Пописот 2002 година). При тоа во истражувачкиот примерок во сите општини се забележува дека како се зголемува возраста на истражуваната популација, така се намалува нивното учество во истражувачкиот примерок, што значи дека најголем процент на старите лица во стратифицираниот примерок се во првата возрасна група 65-70 години, а најмалку од групата над 85 години. Според полот иако има приближно еднаква застапеност на старите лица според полот во стратифицираниот примерок, сепак во сите општини со незначителен процент преовладуваат припадниците од женскиот пол. Националноста не беше опфатена со стратифицирниот примерок, па изборот на националност е по случаен избор. И во однос на брачната состојба, може да се донесе еден општ заклучок дека најголем дел...