Contract
ОУКР– 1/2019 Број: 02-2688/2 од 30.01.2019
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕМОЖНОСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТ ОДОБРЕН ОД СТРАНА НА ДЕЛОВНА БАНКА
Воведни одредби Член 1.
(1) Овие Општи Услови во случај на неможност за враќање на кредит одобрен од страна на деловни банки (во понатамошниот текст: Услови) се составен дел од договорот за осигурување во случај на неможност на враќање на кредит одобрен од страна на деловни банки (во понатамошниот текст: Договор за осигурување) кои договорувачот на осигурувањето го склучува со друштвото за осигурување (во понатамошниот текст: Осигурувач).
(2) Поединечните изрази во овие Услови ги имаат следните значења:
“Осигурувач” – друштво за осигурување кое со договорот за осигурување се обврзува дека, доколку се оствари осигуран случај, ќе исплати на корисникот на осигурувањето договорен надомест од осигурувањето;
“Договорувач на осигурување” – физичко или правно лице кое го склучува договорот за осигурување со осигурувачот; “Кредит” – одреден износ на парични средства кој врз основ на договор за кредит со неговиот кредитодавател (доверувач
– деловна банка) на одредено време го отстапува на користење на барателот (должникот- осигуреникот) под одредени услови и со плаќање на надомест (камата) како цена на користење на тие средства;
“Кредит во отплата” – одреден износ на парични средства кој врз основ на договор за кредит со неговиот кредитодавател (доверувач – деловна банка) на одредено време го отстапува на користење од страна на барателот (должникот- осигуреникот);
“Корисник на кредит” – физичко лице кое има склучен договор за кредит со деловна банка како кредитодавател (во понатамошниот текст: кредитодавател);
“Осигуреник” – лице кое е корисник на кредитот, а кое осигурувачот го прифатил во осигурување и за кое е платена премија за осигурување;
“Договор за кредит” – договор за давање на кредит, кој го склучуваат кредитодавателот и корисникот на кредит – осигуреникот, а кој претставува основ за осигурување во согласност со овие Услови и согласно Посебните Услови на осигурувачот;
“Корисник на осигурување” – кредитодавател како лице во чија корист се склучува договорот за осигурување;
“Полиса” – документ за склучување на договорот за осигурување;
“Премија за осигурување” – паричен износ на средства кој договорувачот на осигурувањето го плаќа на осигурувачот во согласност со договорот за осигурување (во понатамошниот текст: премија);
“Осигуран случај” – настан кој во согласност со Условите за осигурување го обврзува осигурувачот на корисникот на осигурувањето да му исплати надомест од осигурување. Настанот мора да биде иден, неизвесен и независен од изречната волја на договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот;
“Несреќен случај - незгода” – неочекуван, изненаден и независен од волјата на осигуреникот настан кој настанал во времетраењето на периодот на осигурување и кој, делувајќи главно од надвор и нагло врз телото на осигуреникот, има за
последица негова смрт или целосен траен инвалидитет или привремена спреченост за работа;
“Целосен траен инвалидитет” – губење на работната способност од 50% и повеќе поради промена во здравствената состојба предизвикана со повреда на работа или повреда надвор од работа, а кое не може да се отстрани со лекување или медицинска рехабилиција. Целосниот траен инвалидитет го утврдува осигурувачот во согласност со Табелата за определување процент на траен инвалидитет како последица на несреќен случај (незгода) на осигурувачот; “Привремена спреченост за работа (боледување)” – период во кој осигуреникот е во неможност редовно да ги извршува своите работни обврски, а која настанала како последица на незгода или болест, што се докажува со извештај за привремена спреченост за работа на работодавачот (во понатамошниот текст: Боледување);
“Невработеност” – регистрирана (кај овластена институција) невработеност на осигуреникот која настанала по престанок на работниот однос или губење на работа на осигуреникот во согласност со Посебните Услови за осигурување во случај на неможност на враќање на кредитот одобрен од страна на деловни банки поради невработеност;
“Надомест од осигурување” – износ кој осигурувачот е должен да го исплати на корисникот на осигурувањето во случај на настанување на осигуран случај;
“Каренца” – договорен период кој започнува со денот на стапување во сила на договорот за осигурување, во кој не постои обврска на осигурувачот во случај на настанување на осигуран случај, а период во кој договорувачот е должен да ги извршува своите договорно преземени обврски, т.е. плаќање на премија;
“Период на чекање” – договорен период кој почнува со денот на настанување на осигураниот случај, во кој период нема да биде исплатен надомест за осигурување. Првиот ден по истек на овој период се утврдува со постоење и обем на обврските на осигурувачот за постапување по барање на корисникот на осигурувањето. Доколку не е поинаку договорено, периодот на чекање изнесува 30 (триесет) дена; “Неотплатен долг” – главница на долгот според амортизациониот план за отплата на кредитот намалена за каматата и заостанатите долгови во отплатата на кредитот во согласност со договорот за кредит.
Општи одредби Член 2.
(1) Со договорот за осигурување договорувачот на осигурувањето се обврзува да ја плаќа премијата на осигурувачот, а осигурувачот се обврзува дека, во случај на настанување на осигуран случај, на корисникот на осигурувањето ќе му го исплати надоместот од осигурувањето во согласност со овие Услови и Посебните Услови на осигурувачот.
(2) Сите известувања и пријави кои договорните страни се должни да ги направат во смисла на одредбите од овие Услови, задолжително мора по писмен пат да се потврдат доколку се поднесени усно, по пат на телефон или на некој друг начин.
(3) Како ден на прием на писменото известување односно пријавата се смета денот кога од страна на договорната страна уредно била примена. Датум на прием на известувањето односно пријавата кое се доставува до осигурувачот е денот кога осигурувачот го примил
известувањето односно пријавата или датумот на деловодниот протокол на осигурувачот и внес на печат/штембил на примено известување односно пријава. Доколку известувањето, односно пријавата, се праќа по пат на препорачана пошта, датум на прием се смета денот кога осигурувачот уредно го примил известувањето односно пријавата.
Склучување на договор за осигурување Член 3.
(1) Полиса за осигурување е исправа за склучен договор за осигурување кој осигурувачот ја издава на договорувачот во еден примерок, на образец на осигурувачот.
(2) Осигуреникот, т.е. корисникот на кредитот, пристапува кон договорот за осигурување со потпишување на изјава за пристапување во осигурување (во понатамошниот текст: изјава) која претставува документ со кој се потврдува дека осигуреникот доброволно пристапува во осигурување кое договорувачот на осигурувањето го склучува со осигурувачот, како и дека осигуреникот со својот потпис на изјавата е согласен дека во случај на настанување на осигуран случај во согласност со овие Услови се исплатува надомест од осигурување на корисникот на осигурувањето. Доколку осигурувачот и договорувачот на осигурувањето се договорат така, изјавата за пристапување во осигурување може да биде наведена во договорот за кредитот и да биде негов составен дел. Доколку договорувачот на осигурувањето е физичко лице, истиот пристапува кон договорот за осигурување со потпишување на полисата за осигурување.
(3) Осигурувачот има право да го одбие лицето од осигурување или да предложи зголемена премија за лице за кое ќе утврди дека претставува зголемен ризик.
(4) Осигурувачот не е во обврска да ја образложува својата одлука за одбивање на лицето од осигурување на договорувачот на осигурувањето.
(5) Доколку договорувач на осигурувањето е кредитодавател и доколку е посебно договорено, осигурувачот на секој поединечен осигуреник ќе издава потврда или полиса за осигурување.
(6) Доколку договорувач на осигурувањето и осигуреникот не се исто лице, договорувачот е должен на осигуреникот да му ги врачи Условите за осигурување по кои се склучува осигурувањето, како и да го запознае осигуреникот со важните елементи на договорот за осигурување, т.е. осигурувач, договорувач на осигурување, корисник на осигурување, осигурани ризици, траење на осигурувањето, почеток и престанување на обврската на осигурувачот, сумите на осигурување по осигурените ризици, покритие по осигураните ризици, постапки во случај на настанување на осигуран случај.
Способност за осигурување Член 4.
(1) Осигуреник според овие Услови може да биде физичко лице (корисник на кредитот) кое во моментот на потпишување на изјавата:
1) има помеѓу 18 (осумнаесет) години и 65 (шеесет и пет) години возраст при одобрување на кредитот, при што истекот на договорениот период на осигурување не може да биде по навршување на 72 (седумдесет и две) години на старост на осигуреникот;
2) не е привремено спречено за работа и не било привремено спречено за работа подолго од 60 (шеесет) дена последователно во последните 6 (шест) месеци до моментот на стапување во осигурување – во случај да е договорен ризик за привремена спреченост од работа;
3) има најмногу 60 (шеесет) години – во случај да е договорен ризикот невработеност, освен доколку не е поинаку договорено во договорот за осигурување (полисата);
4) согласно Законот за работните односи било вработено на неопределено време непрекинато во текот на последните 6 (шест) месеци, и тоа најмалку 30 (триесет) часови неделно, кај истиот работодавач во приватен или јавен сектор, кое не е на пробна работа, и до склучување на договорот за кредит ниту осигуреникот ниту неговиот работодавач не го откажале договорот за вработување, ниту пак потпишале спогодбено раскинување на работниот однос – во случај да е договорен ризик невработеност, освен доколку поинаку не се договори во договорот за осигурување (полиса);
5) немало сознание ниту индиција дека неговиот работодавач ќе го откаже договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени) кај работодавачот, ниту дека е пред стечај или ликвидација, што го потврдува со изјава – во случај да е договорен ризик невработеност;
6) не е потполно лишено од работна способност и не е душевно болнo;
7) нема доцнење во отплата на кредитот – во случај кога е предмет на осигурување отплата на кредит.
(2) Договорот за осигурување е ништовен за лицето кое во моментот на потпишување на изјавата не ги исполнува условите наведени во ставот (1) од овој член, со што на такво лице не може да се примени осигурителното покритие.
Предмет на осигурување Член 5.
(1) Согласно овие Услови, осигурувањето во случај на неможност на враќање на кредит одобрен кај деловни банки се склучува за следните ризици:
1) смрт поради несреќен случај (незгода);
2) целосен траен инвалидитет поради незгода;
3) привремена спреченост за работа (боледување) поради незгода или болест;
4) невработеност.
Траење на договорот за осигурување Член 6.
(1) Траењето на договорот за осигурување се одредува во полисата за осигурување.
(2) Договорот за осигурување започнува од 24-тиот (дваесет и четвртиот) час на оној ден кој е означен во полисата како ден на почетокот на траењето на осигурувањето, а престанува во 24-тиот (дваесет и четвртиот) час на оној ден кој во полисата е означен како ден на престанување на рокот за кој е договорено осигурувањето.
(3) Траењето на осигурувањето е еднакво на траењето на договорот за кредит на осигуреникот, при што траењето на периодот на осигурување не може да престане пред истек на договорот за кредит. Кога предмет на осигурување е кредит во отплата, траењето на периодот на осигурување е максимално до истек на договорот за кредит.
(4) Во секој случај, договорот за осигурување престанува во 24- тиот (дваесет и четвртиот) час на оној ден кога осигуреникот ќе наполни 72 (седумдесет и две) години старост, без оглед на траењето на договорот за кредит.
(5) Максимално траење на периодот на осигурување во согласност со траењето на договорот за кредит се одредува во договорот за осигурување.
Почеток и престанок на обврските на осигурувачот Член 7.
(1) Обврската на осигурувачот да го исплати договорениот надомест од осигурување во случај на настанување на осигуран случај, почнува во 24-тиот (дваесет и четвртиот) час на денот кој во полисата за осигурување односно во потврдата за осигурување е одреден како дена на почеток на периодот на осигурување, но не порано од 24-тиот (дваесет и
четвртиот) час на оној ден кога е платена првата премија, и трае до 24-тиот (дваесет и четвртиот) час од денот кој што во полисата за осигурување односно потврдата за осигурување е дефиниран како ден на истек на периодот на осигурување.
(2) Исклучително од став 1. од овој член, доколку за одреден осигуран ризик дефиниран во член 5. од овие Услови е предвидена каренца или период на чекање, обврската на осигурувачот во случај на настанување на осигуран случај започнува во 24-тиот час (дваесет и четвртиот) по истек на каренцата и/или периодот на чекање, но не порано од 24- тиот час (дваесет и четвртиот) од оној ден кога е платена првата премија.
(3) Доколку со кредитодавателот (договорувачот на осигурувањето) не е посебно договорено издавање на потврда за осигурување на осигурениците, осигурувањето за секој поединечен осигуреник започнува во 24-тиот (дваесет и четвртиот) час од оној ден кога е исплатен износот на кредитот, доколку:
1) осигуреникот потпишал изјава и договор за кредит,
2) осигуреникот ги исполнил сите останати барања дефинирани во став 1. од член 4. од овие Услови,
3) е платена премијата за осигурување.
(4) Исклучително од претходниот став од овој член, доколку предметот на осигурување е кредит во отплата, осигурувањето за секој поединечен осигуреник започнува по почетокот на осигурувањето, но не пред 24-тиот (дваесет и четвртиот) час од денот кога доспева првата последователна рата на кредитот во согласност со договорот за кредит, и со исполнување на сите останати барања дефинирани во став 1. од член 4. од овие Услови.
(5) Обврската на осигурувачот престанува во 24-тиот (дваесет и четвртиот) час на денот:
1) кога се врши исплата на надомест од осигурување во случај на настапување на смрт поради незгода и целосен траен инвалидитет поради незгода;
2) кога кредитот предвремено ќе се исплати – осигурителното покритие престанува на денот кога ќе се изврши исплата на последната рата на кредитот;
3) кога се раскинува договорот за осигурување – осигурителното покритие престанува со денот на раскинување на договорот за осигурување;
4) кога осигуреникот ќе наврши 72 (седумдесет и две) години на старост – осигурителното покритие престанува во 24-тиот час на оној ден кога осигуреникот ќе наврши 72 (седумдесет и две) години.
Обврски на осигурувачот Член 8.
(1) Со договорот за осигурување осигурувачот се обврзува дека, во случај на настапување на осигуран случај, на корисникот на осигурувањето ќе му исплати надомест од осигурување кој е еднаков на:
1) износот на неисплатениот долг од договорот за кредит согласно утврдениот амортизациски план за отплата на кредитот – во случај на настапување на смрт од последица на незгода на осигуреникот, односно во случај на настапување на потполен траен инвалидитет поради незгода;
2) износите на ратите на кредитот во согласност со договорот за кредит за секои 30 (триесет) дена од траењето на привремената спреченост за работа, односно невработеност.
(2) Ограничувањата на обврските на осигурувачот во согласност со став 1. од овој член се дефинирани со Посебните Услови на осигурувачот.
(3) Во случај да настапи осигурен случај кај лица кои согласно овие Услови претставуваат зголемен ризик, а не е платена зголемена премија, надоместот од осигурување се намалува сразмерно на премијата која е платена и премијата која требала да биде платена во согласност со зголемениот ризик.
Исклучување на обврските на осигурувачот
Член 9.
(1) Исклучена е обврската на осигурувачот во случај кога во моментот на склучување на договорот за осигурување т.е. во моментот на започнување на осигурувањето, веќе бил настанат осигуран случај, или бил во настанување, или било извесно дека ќе настапи, или доколку во тој момент веќе престанала можноста тој да настане.
(2) Исклучена е обврската на осигурувачот во случај кога осигураниот случај настанал пред почеток на периодот на осигурување или по истек на периодот на осигурување.
(3) Во случаите кога кај осигуреникот доаѓа до остварување на два или повеќе осигурани случаи од еден штетен настан, се исклучува обврската на осигурувачот да исплати надомест од осигурување по секој поединечен осигуран случај, така што на корисникот на осигурување му се исплатува надомест по основ на оној осигуран случај каде што износот на утврдена обврска е највисок.
Делумна исплата на кредитот Член 10.
(1) Во случај кога е склучено осигурување на остаток од долгот, и осигуреникот ќе исплати дел од остатокот на долгот по кредитот на кредитодавателот, осигурувачот ќе изврши измена на покритието на осигурувањето и премиите во согласност со новиот износ на долг.
Територијално покритие Член 11.
(1) Со осигурувањето на кредитот, покриени се осигураните ризици дефинирани во точките (1) и (2), од став 1. на член 5. од овие Услови кои настанале на територија на цел свет.
(2) Осигураниот ризик дефиниран со точка (3) од став 1. на член
5. од овие Услови е покриен само на територија на Република Македонија.
(3) Во случај на осигуран случај невработеност, истиот е покриен доколку осигуреникот остварил работен однос со работодавач кој е регистриран на територијата на Република Македонија, вклучително и странските претставништва во Република Македонија.
Плаќање на премија и последици од неплаќање на премија
Член 12.
(1) Со договорот за осигурување, односно полисата за осигурување, договорени се висината и начинот на плаќање на премијата.
(2) Договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот доколку е истиот и договорувач на осигурувањето, должен е на осигурувачот да му плаќа премија уредно по доспеаност, во роковите утврдени со договорот за осигурување, односно полисата.
(3) Премијата за осигурување може да се плати одеднаш за цел период на траење на осигурувањето, или на рати.
(4) Се смета дека премијата е платена кога е прокнижена на трансакциската сметка на осигурувачот.
(5) Доколку договорувачот на осигурувањето не ја уплати доспеаната договорена премија, односно рата на премија, ниту тоа го направи друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува по истекот на рокот од 30 (триесет) дена од денот кога на договорувачот на осигурувањето му е врачено препорачано писмено известување од страна на осигурувачот за доспеаните и неуплатени премии, со тоа што тој рок не може да истече пред изминување на 30 (триесет) дена од доспеаноста на премијата.
(6) После истекот на рокот од став 5. од овој член, осигурувачот може да го раскине договорот за осигурување без дополнителен отказен рок и да покрене постапка за наплата
на доспеаната премија со xxxxxxxxxx xxxxxx пред надленен суд.
Исплата на надомест од осигурување Член 13.
(1) Кога ḱе настане осигуран случај, осигурувачот е долнен да го исплати надоместот од осигурување на начин одреден со овие Услови, Посебните Услови и договорот за осигурување, во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога осигурувачот го примил барањето за исплата на надомест од осигурување (во понатамошниот текст: оштетно барање).
(2) Доколку за утврдување на постоење на обврската на осигурувачот или за нејзиниот износ е потребно извесно време, рокот дефиниран со ставот 1. од овој член почнува да тече од денот кога на осигурувачот му е доставен последниот доказен документ.
(3) Се смета дека обврската на осигурувачот е извршена оној ден кога во банка е потврдена уплатата.
Претставки од осигуреници Член 14.
(1) Осигуреникот, корисникот на осигурување или трето оштетено лице има право да поднесе претставка до осигурувачот доколку смета дека осигурувачот не се придрнува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно 3аконот за супервизија на осигурување.
(2) Осигурувачот е долнен да се произнесе по претставката на осигуреникот/ корисникот на осигурувањето/трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на осигурувачот или ако осигурувачот не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/корисникот на осигурување/ третото оштетено лице има право да поднесе претставка/налба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно 3аконот за супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
Постапка на вештачење Член 15.
(1) Секоја од договорните страни моне да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се слонува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не моне да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со осигурувачот и осигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меíусебно отстапуваат, осигурувачот, нивните писмени наоди веднаш ḱе му ги предаде на третиот вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолнителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
Надлежност во случај на спор Члeн 16.
(1) Bо слyчаj на споp помeíy договоpyвачот на осигypyвањeто - осигypeникот и осигypyвачот, надлeнeн e стваpно
надлeнниот сyд според мeстото на седиштето на осигурувачот.
Начин на известување Члeн 17.
(1) Cитe извeстyвања и пpиjави што договоpyвачот на осигypyвањeто e долнeн да ги напpави во смисла на одpeдбитe од овиe и дpyги yслови на осигypyвањe, задолнитeлно тpeба писмeно да сe потвpдат ако сe напpавeни yсно, пpeкy тeлeфон, тeлeгpама или на било коj дpyг начин.
Kако дeн на пpиeмот на извeстyвањeто, односно пpиjавата ḱe сe смeта дeнот кога e пpимeно извeстyвањeто, односно пpиjавата. Aко извeстyвањeто односно пpиjавата сe испpаḱа пpeпоpачано, како дeн на пpиeмот ḱе сe смeта дeнот на пpeдавањeто во пошта.
(2) Спогодбите што се однесуваат на содрнината на договорот ванат само ако писмено се склучени.
Измени на условите за осигурување и тарифата на премии Члeн 18.
(1) Aко осигypyвачот ги измeни Условитe за осигypyвањe или Tаpифата на пpeмии, долнeн e за тоа писмeно, или на дpyг погодeн начин, да го извeсти договоpyвачот на осигypyвањeто наjдоцна шeeсeт дeна пред истекот на тековната година на осигурувањето.
(2) Договоpyвачот на осигypyвањeто има пpаво да го отканe договоpот за осигypyвањe во pок од шeeсeт дeна од дeнот на пpиeмот на извeстyвањeто. Bо тоj слyчаj, договоpот за осигypyвањe пpeстанyва да вани со истeкот на тeковната година на осигypyвањeто.
(3) Aко договоpyвачот на осигypyвањeто нe го отканe договоpот за осигypyвањe во pокот од став 2 од овоj члeн, договоpот за осигypyвањe во почeтокот на наpeдниот пepиод на осигypyвањeто сe мeнyва во сообpазност со извpшeнитe измeни во Условитe за осигypyвањe, односно Tаpифата на пpeмии.
Промена на личните податоци Члeн 19.
(1) Осигуреникот е долнен да го извести осигурувачот за: промена на адресата на нивеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Доколку осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил осигурувачот, осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот ḱе го испрати на адресата на неговото последно нивеалиште или седиште или ḱе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив на фирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот нема да биде успешeн (поради преселување или одбивање да се прими), осигурувачот вратената пратка ḱе ја смета како уредно доставена и ḱе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содрнината на пратката.
Заштита на личните податоци Член 20.
(1) Осигуреникот, согласно 3аконот за заштита на личните податоци изречно се согласува неговите лични податоци да се користат за натамошна обработка од страна на
осигурувачот во својство на контролор и од страна на обработувачи на лични податоци за спроведување на конкретните права и обврски од договорот за осигурување, каде осигуреникот е договорна страна или на барање на осигуреникот, пред негово пристапување кон договорот.
(2) Осигуреникот во согласност со 3аконот за заштита на лични податоци дава изричита согласност Осигурувачот да моне да ги пренесува неговите лични податоци во други дрнави за потребите на реосигурување, решавање на меíународни штети како и за други потреби на Осигурувачот со цел исполнување на обврските кои произлегуваат од договорот за осигурување. Осигуреникот изречно се согласува и го овластува осигурувачот во интерес на работата, а во врска со правата и обврските кои произлегуваат од овој договор, да се интересира за неговите лични податоци (адреса на нивеење, вработеност, имотна состојба и примања) кај одговорните дрнавни органи или било која друга надленна институција, и истите да ги употреби доколку е тоа потребно за извршување на одредбите од овој договор.
(3) Осигуреникот му дозволува на осигурувачот неговите лични податоци да бидат дадени на користење и на други надленни институции кои за тоа поднеле писмено барање, а во врска со извршување на нивните редовни работи во согласност со закон.
(4) Личните податоци на осигуреникот монат да се користат само во рамките на работите кои произлегуваат од правата и обврските на овој договор и се чуваат во законски утврдените рокови. Осигурувачот се обврзува дека личните податоци на осигуреникот внимателно ḱе ги чува во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Надлежен орган Член 21.
Xxxxxxxx орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која осигуреникот/корисникот на осигурувањето/третото оштетено лице моне да достави претставка/налба во однос на друштвото за осигурување согласно 3аконот за супервизија на осигурување.
Датум на примена Член 22.
Овие Услови за осигурување се донесени на 44-та седница на Одборот на директори на САВА Осигурување а.д. Скопје одрнана на ден 30.01.2019 година. Овие Услови влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ḱе се применуваат од датумот на добивање дозвола за воведување на нова класа на осигурување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
САВА осигурување, x.x. Скопје
Одбор на директори
Претседател Xxx Xxxx