ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ Примери за клаузули

ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ. Член 4 [1] Ова осигурување во никој случај не покрива: 1.загубата, оштетувањето или трошоците настанати при намерна постапка на осигуреникот; 2.вообичаено испарување, редовна загуба во тежина или запремнина или вообичаено кршење на предметите сотакви својства; 3.загуба, оштетување или трошоцинастанати поради недоволно или несоодветн пакување илинеприпременост на осигурениот предмет; 4.загубата, оштетување или трошок настанат поради внатрешни мани или природни својства на осигурениот предмет; 5.загубата, оштетување или трошок штопроизлегува поради употреба на несоодветно возило или контејнер за сигурен превоз на осигурениот предмет, кога на осигуреникот или на неговиот службеник му било познато дека возилото и контејнерот во моментот на натоварување не било способно за сигурен превоз на осигурениот предмет; 6.загубата, оштетување или трошок настанат поради задоцнување, дури и тогаш кога задоцнувањето настанало поради осигурениот ризик (освен трошоците кое се надоместуваат според клаузулата I/2 од овие Услови); 7.намерно оштетување или намерно потполно или делумно уништување на осигурениот предмет со противправноделување на било кое лице или лица; 8.загубата, оштетувањето или трошокотпредизвикан со употреба за воени цели, атомски или нуклеарни фисии и/или фузии или друго оружје со слично дејство односно со радиоактивна сила или предмети. [2] Ова осигурување не ја покрива загубата, оштетувањето или трошоците настанати поради: 1.војна, граѓанска војна, револуција, побуна, востание или други граѓански немири кои настанале поради тоа, или било кој непријателски акт од страна на воената сила или против неа; 2.заробување, запленување, залог, ограничување или задржување, како и последица на тие акти или обид тие да се извршат; 3.заостанати мини, торпеда, бомби или друго воено оружје. [3] Ова осигурување не ја покрива загубата, оштетувањето или трошоците: 1.кои ги предизвикале штрајкувачите, работниците отпуштени од работа или лицата кои учествуваат во работнички немири, насилства или граѓански немири; 2.кои се последица од штрајкови, отпуштање на работници од работа, работнички немири, насилства или граѓански немири; 3.кои ги предизвикале терористи или било кои лица кои делуваат со политички мотив. [4] Исклучување на ризик од заразни болести: 1. Исклучени се сите штети поради заразна болест, освен кога се исполнети условите за исклучување на заразено лице. 2.1.„Штета како резултат на заразна болест“означува било каква штета, оштетување, одговорност или трошок од ка...
ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ. Од осигурување се исклучени сите штети кои се настанати ;
ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ. Од осигурување се исклучени штетите кои настанале: 1.Со намера, измама, превара и грубо невнимание од вработените лица во туристичката агенција; 2.Поради незапазување на договорените рокови; 3.Поради превземени обврски вон Законот за угостителска и туристичка дејност; 4.Со вршење на туристичка дејност без дозвола за работа поради неисполнети законски услови; 5.Од вршење на менувачки работи и давање под наем на возила и пловни објекти; 6.Поради престанок на вршење на функцијата туристичка дејност; 7.Одговорност на осигуреникот врз основа на договорно проширување на неговата одговорност и за случаи за кои инаку по законот не одговара; 8.Поради виша сила, пожар и некои други опасности; 9.Поради војна, политички немири, бунтови, терористички акции, манифестрации, демонстрации и друго; 10.За штети што ќе ги претрпи осигуреникот, брачниот другар на осигуреникот, децата и други лица кои што живеат со него во заедничко домаќинство и кои е должен да ги издржува; 11.За грешки кои биле познати во време на склучување на договорот за осигурување или неможеле да останат непознати; 12.Во сите случаи кога не може да се утврди одговорност на туристичката агенција во согласност со Законот за угостителската и туристичката дејност и другите законски и подзаконски акти и Посебните услови за осигурување од одговорност на туристичките агенции.
ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ. Од осигурување се исклучени сите штети кои се настанати со;
ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ. Од осигурувaње се исклучени штетите кои нaстaнaле: 1.Со нaмерa, измaмa, превaрa и грубо невнимaние од врaботените лицa кaј издaвaчот; 2.Порaди незaпaзувaње нa договорените рокови; 3.Порaди превземени обврски вон Зaконот зa подaтоците во електронски облик и електронски потпис; 4.Со вршење нa дејностa без дозволa зa рaботa порaди неисполнети зaконски услови; 5.Порaди престaнок нa вршење нa дејностa; 6.Одговорност нa осигуреникот врз основa нa договорно проширувaње нa неговaтa одговорност и зa случaи зa кои инaку по зaконот не одговaрa; 7.Порaди вишa силa, пожaр и некои други опaсности; 8.Порaди војнa, политички немири, бунтови, терористички aкции, мaнифестрaции, демонстрaции и друго; 9.Зa грешки кои биле познaти во време нa склучувaње нa договорот зa осигурувaње или неможеле дa остaнaт непознaти;

Related to ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Набавки од мала вредност Набавки од мала вредност

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина: