Место на осигурување. (1) Предметите од член 33 став 1 од овие услови се осигурени од почетокот на тргнувањето на пат па се до враќање од пат.
(2) Осигурувањето е во важност за време додека возилото се наоѓа на пат на територијата на Република Северна Македонија и останатите европски земји, ако поинаку не се договори.
Место на осигурување. Осигурувањето важи за времето додека осигурените ствари се наоѓаат на местото означено во полисата.
Место на осигурување. Предметите од член 31 став 1 од овие Услови се осигурени од почетокот на тргнувањето на пат, па се до враќање од пат.
Место на осигурување. [1] Осигурувањето важи додека осигурените предмети се наоѓаат во местото кое е наведено во полисата. [2] Во случај на проширување или промена на местото на осигурување, потребно е посебно да се утврди во договорот за осигурување дека осигурувањето важи и за предметите на проширеното, односно променетото место.
Место на осигурување. [1] Осигурителното покритие се применува само додека осигурените животни се наоѓаат во местото означено во полисата.
Место на осигурување. [1] Осигурувањето важи додека осигурените предмети се затворени и заклучени во простории на местото што е наведено во полисата. [2 Осигурувањето важи и тогаш кога сите осигурени предмети се преместуваат од едно на друго место или простор, но само на територијата на Република Северна Македонија. Во тој случај исто така важи дека осигурените предмети мора да се наоѓаат во затворени и заклучени простории.
Место на осигурување значи местото на осигурување, односно просторијата на адресата означена на Списокот- Спецификација-Прилог кон полисата.
Место на осигурување. [1] Осигурувањето важи додека предметите се наоѓаат во станот на осигуреникот, како и за време на превоз заради селидба во друг стан. Во случај на селидба на осигуреникот, предметите се осигурени во оној стан во кој се преселил осигуреникот, а покритието за претходниот стан престанува.
Место на осигурување. Место на осигурување е подрачјето каде се обавува монтажата, со прирачните складишта на тоа место, кои служат исклучиво за изведба на осигурениот објект во монтажа, ако не е поинаку договорено.
Место на осигурување. [1] Осигурувањето важи додека осигурените предмети се наоѓаат во местото кое е наведено во полисата, освен ако не е поинаку договорено. [2] Осигурувањето важи и во други места на Република Северна Македонија кога:
1/ сите осигурени предмети се преместуваат од местото наведено во полисата на друго место;
2/ предметите се осигурени по основ на книговодствената вредност, дадени под наем или на заем, како и во местото на обработка, преработка или поправка. Подвижните предмети на земјоделски стопанства кои се осигурени со една полиса (паушално осигурување) се осигурени на целокупниот имот на осигуреникот, на пазарите, во местото на преработка, обработка, поправка и таму каде што се дадени на заем. Овие предмети се осигурени и при транспорт во двата правци, освен кога се превезуваат со средства на јавен превоз;
3/ осигурениот предмет по природа на својата употреба се преместува од едно на друго место, што мора да биде наведено во полисата.