Исклучување на обврските на осигурувачот Примери за клаузули

Исклучување на обврските на осигурувачот. (1) Исклучени се сите обврски на осигурувачот ако несреќниот случај настанал:
Исклучување на обврските на осигурувачот. Доколку привремената спреченост за работа настанала поради следните причини, обврските на Осигурувачот се исклучуваат односно: - како последица на органски мозочен синдром, астхенија, депресија, шизофренија, манично- депресивни и параноидни состојби и други психички нарушувања - како последица на примање на психолошки или психијатриски терапии; - во врска со детоксикација или терапија со сон, во врска со геријатриска или геронтолошка терапија, во врска со едукација на хендикепирани лица или говорни терапии или во врска со терапевтска гимнастика, психотерапија, физикална терапија, масажа, балнеотерапија, терапија за слабеење - по барање на Осигуреникот без претходна медицинска индикација (на пример, пластична хирургија, козметички зафати и сл.); - во врска со бременост и породување, како и за време на примање на надомест во период на породилно или трудничко отсуство - поради здравствена состојба на друго лице кое е во сродство на Осигуреникот (член на поблиско или пошироко семејство); - како последица на абортус, освен ако е индициран од страна на лекар поради здравствени причини; - во врска со последици од спонтан абортус или во врска со третман за вештачко оплодување и лекување на неплодност; - поради привремена спреченост за работа која не е предизвикана од здравствената состојба на Осигуреникот Исто така обврските на Осигурувачот се исклучуваат: - по раскинување на Договорот за осигурување (или договорот за кредит) - како последица на намерно дејство или самоповредување на Осигуреникот - како последица на војна, вооружен конфликт, инвазија, дејствување на странски непријател, непријателство, терористички активности, граѓанска војна, чин на саботажа, тероризам или вандализам, револуција, војна и друг вид узурпација на власт, како и учество на Осигуреникот во немири, штрајкови или протести од кој било вид - при подготовка, обид или извршување на кривично дело, како и при бегство по такво дејство - како последица на природна катастрофа и елементарна непогода (вулканска ерупција, земјотрес, поплава и сл.) и епидемија/пандемија - како директна последица при управување на моторно возило под дејство на наркотични средства или алкохол. Се смета дека Осигуреникот е во алкохолизирана состојба доколку се утврди дека присуството на алкохол во крвта на личноста која го управува возилото е повисоко од дозволеното согласно позитивните законски прописи кои се во сила во моментот на настанување на осигурениот случај и како директна последица на управување на моторно и д...
Исклучување на обврските на осигурувачот. (1) Осигурувачот не е во обврска да надомести штета која е настаната:
Исклучување на обврските на осигурувачот. 1) Исклучени се сите обврски на Осигурувачот ако несреќниот случај настанал: - поради земјотрес; - поради настан кој директно се припишува на војна, инвазија, чин на надворешниот непријател, воени движења или воените операции (без оглед дали е објавена војната или не), граѓанска војна, востание, буна или револуција, граѓански немири, имајќи го во предвид нивниот обем или нивното прераснување во востание,воена или узурпаторска сила, како и било кое дејство на тероризам, пресметка на банди и криминални групи, а притоа се повреди Осигуреникот. - Ако Осигурувачот смета дека поради наведените исклучоци, оштетното барање не е покриено со ова осигурување, товарот за докажување на спротивното го сноси Осигуреникот. Во смисла на горенаведеното, дејство на тероризам значи дејство, кое вклучува, но не е ограничено на употреба на сила или насилство и/или закана со нив од страна на било кое лице или група на лица, без оглед дали дејствуваат самостојно или во име на или во врска со било која организација(и) или влада(и) обврзани за политички, религиозни, идеолошки или етнички цели или причини, вклучувајќи и намера да се влијае на било која влада и/или да се исплаши јавноста или дел од неа без оглед дали несреќниот случај бил: - директно или индиректно предизвикан од било кое погоре наведените дејства; - резултат на било кое од погоре наведените дејства; - во врска со било кое од погоре наведените дејства, и без разлика на редоследот на настаните или на евентуалната истовременост.
Исклучување на обврските на осигурувачот. Обврските на Осигурувачот се исклучени ако има доброволен престанок на работниот однос поради поднесување на барање за престанок на работниот однос од страна на работникот или поради спогодбено престанување на работниот однос, односно поднесување на барање за доброволен технолошки вишок од страна на работникот. Обврските на Осигурувачот се исклучени ако стигне до пензионирање по било кој основ. Обврските на Осигурувачот се исклучени поради отказ на договор за вработување од страна на работодавецот, предизвикан од однесување на Осигуреникот или одредени законски основи, и тоа: - доколку вработениот по своја вина не ги извршува работните обврски утврдени со закон, колективен договор, акт на работодавецот и договор за вработување (отказ на договор за вработување од лични причини од страна на работникот); - доколку вработениот не ги почитува, односно ги прекрши работниот ред и дисциплина или не ги исполнува работните обврски утврдени со закон, колективен договор, со акт на работодавецот и договор за вработување (причини на вина за отказ на договорот за вработување); односно доколку неговото однесување е такво што не може да го продолжи работењето кај работодавецот; - доколку вработениот направи кривично дело на работа или во врска со работата; - престанок на работниот однос поради престанок на работната дозвола; - престанок на работниот однос поради сторено кривично дело на Осигуреникот; - престанок на работниот однос кој е последица на истекот на времето за кое бил склучен договорот за вработување на определено време; - престанок на работниот однос на Осигуреникот кој е самовработен, а неговата дејност сè уште функционира; - отказ ако во моментот на започнување на осигурувањето Осигурениот случај веќе бил настанат или бил во настанување, односно било сигурно дека ќе настане што на Осигуреникот му било познато; - завршување на периодот на обука или пробна работа; - истек на договорот со кој остварува работа надвор од работниот однос. - лица кои се сопственици на компаниите кои се под стечај, ликвидација, принудна управа и кои имаат договори за вработување; Исклучени се сите обврски на Осигурувачот согласно овие Посебни услови доколку работодавецот и Осигуреникот се иста личност, како и доколку се поврзани како членови на потесно семејство во која било смисла.
Исклучување на обврските на осигурувачот. [1] Исклучена е обврската на осигурувачот во случај кога во моментот на склучување на Договорот за осигурување, односно во моментот на започнување на осигурувањето, веќе бил настанат осигурен случај, или бил во настанување, или било извесно дека ќе настапи, или доколку во тој момент веќе престанала можноста тој да настане.
Исклучување на обврските на осигурувачот. [1] Исклучени се сите обврски на осигурувачот согласно овие Општи услови доколку престанокот на работниот однос настанала како последица на следните околности:
Исклучување на обврските на осигурувачот. (1) Осигурувачот не е во обврска да надомести штета која е настаната: 1.Доколку возачот или осигуреникот не поседува воопшто возачка дозвола,или управува со возило без соодветна возачка дозвола за управување на тој вид на возило или на осигуреникот или возачот возачката дозвола му била одземена или привремено одземена, односно се извршувала определена казна или заштитна мерка за забрана на возење на возило од определен вид или категорија, односно заштитна мерка на забрана на употребата на странска возачка дозвола на територијата на Република Северна Македонија, заштитна мерка одземање на возачка дозвола или казна на престанување на важењето на возачката дозвола; Ќе се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола доколку станува збор за возач - почетник и се исполнети условите согласно член 277 од ЗБСП.
Исклучување на обврските на осигурувачот. [1] Осигурувачот нема обврски во врска со:
Исклучување на обврските на осигурувачот. [1] Исклучени се сите обврски на осигурувачот што настанале: 1/ поради земјотрес;