ПОЛИСА Примери за клаузули

ПОЛИСА. 1. Полисата како документ за склучен Договор за животно осигурување се издава во еден оригинален примерок. Доколку се винкулира во корист на финансиска институција, се издава во оригинален примерок на институцијата и по барање на осигуреникот може да се издаде копија верна на оригиналот со сите опфатени елементи. 2. Полисата го содржи следното: број на полиса, назив на осигурителот, правен статус, седиште и адреса и контакт-телефон на друштвото за осигурување или осигурително брокерско друштво во случај кога Договорот е склучен преку друштво за застапување во осигурување или осигурително брокерско друштво; име и презиме на договарачот на осигурувањето (назив на фирмата, ако договарачот на осигурувањето е правно лице), име и презиме на осигуреникот, датум на раѓање, ризиците опфатени со осигурувањето, почеток и датум на истекување на осигурувањето, осигурителна премија, динамика на плаќање, корисник на осигурувањето во случај на смрт, корисник на осигурувањето во случај на доживување, Услови согласно кои е склучено осигурувањето, назив на инвестицискиот фонд во кој се вложува штедниот дел од премијата, датум и место на издавање на полисата и потребните потписи.
ПОЛИСА. 1. Полисата како документ за склучен Договор за осигурување на живот се издава во еден оригинален примерок. Доколку полисата се винкулира во корист на некоја банка, тогаш се издава во оригинален примерок за банката и во копија за осигуреникот. 2. Полисата ги содржи следните елементи: број на полиса, назив на осигурителот, правен статус, седиште, адреса и контакт-телефон на друштвото за осигурување или осигурително брокерско друштво, во случај кога Договорот е склучен преку друштво за застапување во осигурување или осигурително брокерско друштво; име и презиме на договарачот на осигурувањето (назив на фирмата, доколку договарачот на осигурувањето е правно лице), име и презиме на осигуреникот, ЕМБГ, ризиците опфатени со осигурувањето, почеток и датум на истекување на осигурувањето, осигурена сума, осигурителна премија, динамика на плаќање, корисник на осигурувањето во случај на смрт, корисник на осигурувањето во случај на доживување (кај полисите за мешовито осигурување на живот), услови согласно кои е склучено осигурувањето, датум и место на издавање на полисата и потребните потписи. 3. Полисата содржи и предупредување дека сите услови од осигурувањето според кои е склучено осигурувањето, Xxxxxxxx на капитализирана сума и Табелата на откупни вредности, како и Дополнителните услови според кои е склучен Договорот, се составен дел од Договорот за осигурување и дека му се доставени на договарачот на осигурувањето.
ПОЛИСА. 1. Полисата за осигурување на живот содржи: назив и адресата на осигурувачот, име и презиме или ознака и адреса на договорувачот, име презиме и адреса на осигуреникот како и дата на раѓање, осигурени ризици, почеток и истек на осигурувањето, осигурена сума, премија на осигурување, корисник во случај на смрт или доживување и датум на издавање на полиса. 2. Потписите на договорувачот и осигуреникот во понудата за осигурување се сметат како потписи на полисата. 3. Покрај понудата, полисата и Општите услови, составен дел на договорот за осигурување се и Таблиците на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), кои се врачуваат со полисата. Ако со осигурување на живот се договори и дополнително осигурување, составен дел на договорот се и дополнителните услови на осигурувачот за соодветното дополнително осигурување. Ако осигурувачот утврдил зголемен ризик во смисла на член 3 став (4) на овие Општи услови, составен дел од договорот се и Посебните услови за осигурување на зголемени ризици (анормални ризици) со осигурување на живот. 1. Полисата може да гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на доносителот. 2. Осигурувачот издава полиса во еден оригинален примерок.
ПОЛИСА. (1) Полисата за осигурување на живот содржи: назив на осигурувачот, име и презиме или назив на договорувачот, име и презиме на осигуреникот и датум на раѓање, осигуран случај, почеток и истек на осигурувањето, осигурана сума, премија на осигурувањето, корисник за случај на смрт односно доживување. (2) Потписите на договорувачот и осигуреникот на понудата за осигурување се сметаат за потписи на полисата. (3) Покрај понудата, полисата и овие Посебни услови, составен дел на договорот за осигурување се и Таблицата на откупни вредности и Таблицата на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), кои се врачуваат со полисата. Ако со осигурување на живот се договори и дополнително осигурување, составни делови на договорот се и дополнителните услови на осигурувачот за соодветното дополнително осигурување. Ако осигурувачот утврдил зголемен ризик во смисла на член 3 став (4) од овие Посебни услови, составен дел на договорот се и Посебните услови за осигурување на зголемени ризици (анормален ризик) со осигурување на живот. (1) Полисата може да гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на донесувачот. (2) Осигурувачот издава полиса во еден примерок.
ПОЛИСА. (1) Полисата за осигурување на живот е доказ за склучениот договор за осигурување на живот. (2) Полисата за осигурување на живот содржи: назив на осигурувачот, име и презиме или назив на договорувачот, име и презиме на осигуреникот и датум на раѓање, осигуран случај, почеток и истек на осигурувањето, осигурана сума, премија на осигурувањето, корисник за случај на смрт, односно настанување на осигурен случај, единствен матичен број на корисникот, датум на издавање на полисата. Покрај тоа полисата треба да содржи и констатација дека Договорувачот на осигурувањето е предупреден дека Посебните и дополнителните услови на осигурувањето се составен дел на договорот и дека текстот на истите му е предаден. (3) Потписите на договорувачот и осигуреникот на понудата за осигурување се сметаат за потписи на полисата. (4) Како составен и неразделен дел на договорот за осигурувањето на живот, на задната страна од полисата се содржани Таблицата на откупни вредности и Таблицата на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), како и овие Посебни услови кои заедно со полисата непосредно му се врачуваат на договорувачот . (5) Ако со осигурување на живот се договори и дополнително осигурување, составни делови на договорот се и дополнителните услови на осигурувачот за соодветното дополнително осигурување. Ако осигурувачот утврдил зголемен ризик во смисла на член 3 став (5) од овие Посебни услови, составен дел на договорот се и Посебните услови за осигурување на зголемени ризици (анормален ризик) со осигурување на живот. (1) Полисата може да гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на доносител. (2) Осигурувачот издава полиса во еден примерок.
ПОЛИСА. 1. Полисата за РИЗИКО осигурување на живот, како исправа за склучен договор за осигурување ја издава Осигурувачот според податоците од понудата. 2. Составен дел на договорот за осигурување на живот се и условите и тарифата на премија. 3. Полисата за РИЗИКО осигурување на живот може да гласа на одредено лице или по наредба, али не може да гласа на доносителот. 4. Потписите од договорувачот/осигуреникот на понудата се сметат како потписи и на полисата.
ПОЛИСА. (1) Полисата за осигурување на живот е доказ за склучениот договор за осигурување на живот. (2) Полисата за осигурување на живот содржи: назив на осигурувачот, име и презиме или назив на договорувачот, име и презиме на осигуреникот и датум на раѓање, осигуран случај, почеток и истек на осигурувањето(траење на осигурување), осигурана сума, премија на осигурувањето, корисник за случај на смрт како и датумот на издавање на полисата. Покрај тоа полисата треба да содржи и констатација дека Договорувачот на осигурувањето е предупреден дека Посебните и дополнителните услови на осигурувањето се составен дел на договорот и дека текстот на истите му е предаден. (3) Потписите на договорувачот и осигуреникот на понудата за осигурување се сметаат за потписи на полисата. (4) Покрај понудата, полисата и овие Посебни услови, составен дел на договорот за осигурување се и Таблицата на откупни вредности и Таблицата на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), кои заедно со полисата непосредно му се врачуваат на договорувачот. (1) Полисата може да гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на донесител. (2) Осигурувачот издава полиса во еден примерок.
ПОЛИСА. (1) Полисата за осигурување на живот е доказ за склучениот договор за осигурување на живот. (2) Полисата за осигурување на живот содржи: назив на осигурувачот, име и презиме или назив на договорувачот, име и презиме на осигуреникот и датум на раѓање, осигуран случај, почеток и истек на осигурувањето, осигурана сума, премија на осигурувањето, корисник за случај на смртодносно доживување, единствен матичен број на корисникот, датум на издавање на полисата. Покрај тоа, полисата треба да содржи и констатација дека Договорувачот на осигурувањето е предупреден дека Посебните и дополнителните услови на осигурувањето се составен дел на договорот и дека текстот на истите му е предаден. (3) Потписите на договорувачот и осигуреникот на понудата за осигурување се сметаат за потписи на полисата. (4) Како составен и неразделен дел на договорот за осигурувањето на живот, на задната страна од полисата се содржани Таблицата на откупни вредности и Таблицата на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), како и овие Посебни услови кои заедно со полисата непосредно му се врачуваат на договорувачот . (5) Договорувачот на осигурувањето и осигуреникот со потпишување на полисата потврдуваат дека осигурувачот ги предупредил дека Таблицата на откупни вредности и Таблицата на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), како и овие Посебни услови се составен и неразделен дел на договорот за осигурување на живот. (6) Ако со осигурување на живот се договори и дополнително осигурување, составни делови на договорот се и дополнителните услови на осигурувачот за соодветното дополнително осигурување. Ако осигурувачот утврдил зголемен ризик во смисла на член 3 став (5) од овие Посебни услови, составен и неразделен дел на договорот се и Посебните услови за осигурување на зголемени ризици (анормален ризик) со осигурување на живот. (1) Полисата може да гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на донесител. (2) Осигурувачот издава полиса во еден примерок.
ПОЛИСА. 1. Полисата за осигурување на живот, како документ за склучување на договор за осигурување на живот ја издава Осигурувачот врз основа на податоците од понудата. 2. Составен дел на договорот за осигурување на животот се: Xxxxxx, Xxxxxx, Услови на осигурување, Xxxxxx на откупни вредности и Табела на намалени осигурени суми без понатамошно плаќање на премија (капитализација). 3. Полисата за осигурување на живот може да гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на доносителот. 4. Потписите на Понудувачот / Договорувачот на осигурувањето и Осигуреникот на понудата за осигурување ќе се сметаат за потписи на полисата.
ПОЛИСА. [1] Во полисата мораат да бидат наведени: договорните страни, опис на осигуреното животно и број на идентификација, ризикот опфатен со осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на покритие, сумата на осигурување, премијата за осигурување, датумот и местото на издавање и потписи на договорните страни.