осигурени опасности Примери за клаузули

осигурени опасности. Осигурана опасност според овие услови е поставување на прва дијагноза за една од следните тешки болести:
осигурени опасности. Основно покритие. Во согласност со овие услови со основното покритие осигурен е надомест во случај:
осигурени опасности. [1] Осигурувачот ги надоместува штетите на осигурените животни во случај на: 1) пцовисување на животното поради болест или несреќен случај; 2) принудно колење на осигуреното животно кога, поради болест или несреќен случај, му се заканува непосредна опасност од пцовисување (принудно колење поради опасност за живот или од економски причини). [2] При осигурување на пчели, осигурувачот ја покрива и штетата поради уништување на кошницата и медот во медиштето. [3] Ако се договори и дополнително осигурување по Посебните услови за осигурување на животни и се плати соодветна дополнителна премија, осигурувањето на животни покрива и: 1) трошоци за лекување; 2) губење на теле и ждребе при отелување и ождребување; 3) пцовисување како последица на хемиски препарати кои се користат во земјоделството; 4) губење на приплодна способност; и 5) бегање на риби поради поплава или буици. [4] Обемот на осигурителното покритие за дополнителни договорени опасности е утврден во Посебните услови за осигурување на животни.
осигурени опасности. [1] Осигурувањето го покрива, до обемот определен со овие услови, секое уништување или оштетување на осигурениот предмет, освен поради: 1) опасности што можат да се осигураат со осигурување од пожар и други опасности според дел I од овие услови; 2) гаснење, рушење или исчезнување во врска со опасностите од претходната точка на овој став; 3) недостатоци или грешки коишто постоеле во моментот на склучување на осигурувањето, а со кои биле запознаени или морале да бидат запознаени осигуреникот или лицето одговорно за работењето на машината; 4) прекршување на законските и техничките прописи и правилата за техничка експлоатација на осигурените предметиизаштитнитемерки, какоипорадинепознавање на упатството за користење на осигурените предмети (преоптоварување или пренапон на фотоволтаичната електроцентрала и нејзините составни компоненти над границата на нивниот пропишан капацитет, недоволно тековно и инвестициско одржување, итн.); 5) директна последица од трајно влијание на хемиски, термички или механички услови на сместување и делување (корозија, оксидација, зрачење, стареење, прекумерни вибрации, прекумерна влага и слично); 6) монтажа, демонтажа, пробно пуштање во употреба, пробна работа или пуштање на машината во работа пред целосна поправка; 7) намерни дејствија на осигуреникот или грубо невнимание на осигуреникот или лица поврзани со осигуреникот. Како лица поврзани со осигуреникот се сметаат вработените кај осигуреникот или лицата кои живеат со осигуреникот; 8) неовластени интервенции во машинската и програмска опрема; 9) сајбер напади. Осигурувањето не покрива штета и трошоци, директно или индиректно кои произлегуваат или се предизвикани од употреба или преку работа на компјутер, компјутерски систем, компјутерски софтвер или хардвер, собирање податоци, база на податоци, микрочип, интегрирано коло или сличен уред во компјутер или друга опрема, злонамерен код или процес или друг електронски систем како средство за предизвикување штета, без разлика дали некое од горенаведеното е во сопственост на осигуреникот; 10) терористички акт, дури и ако на несреќата влијаела и некоја друга причина или дело заедно со терористичкиот акт. Терористичко дејствување е секој насилен акт, којшто го загрозува човековиот живот, подвижен или недвижен имот и инфраструктура, и тоа со сила, насилство или закана, а се врши од политички, верски, идеолошки или слични причини и има за цел да влијае врз владата на една држава, или да ја заплашува јавноста или кој било дел од неа или да и...
осигурени опасности. (1) Со осигурувањето се опфатени штети предизвикани од уништување од оштетување или од однесување на осигурената стока, и тоа поради: 1. Пожар, удар од гром, експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија, луња, удар со сопствено моторно возило или сопствена работна машина во градежен објект, град, паѓање и удар од воздушни летала, манифестации и демонстрации и излевање на вода од водоводни и канализациони цевки. 2. Провална кражба:
осигурени опасности. [1] Осигурувачот гарантира за случај смрт поради несреќен случај и за последици од несреќни случаи кои им се случуваат на осигурениците во просториите на договарачот на осигурувањето и соодветните објекти со кои управува договарачот како и при активности кои ги организира договарачот. [2] Во осигурувањето од последици на несреќен случај вклучено е и осигурувањето од одговорност на договарачот кон осигурените гости. Осигурувачот гарантира за настаните кои за последица имаат телесни оштетувања и оштетни побарувања, исчезнување или кражба на предмети кои им припаѓаат на гостите. Правата и должностите од ова осигурување се уредуваат со Посебни услови за осигурување од одговорност на договарачот на осигурувањето од последици на несреќен случај. [3] Осигурувачот, исто така, му ја враќа однапред платената премија на осигуреникот за неискористените пансионски услуги, ако до прекин на престојот дошло поради болест, незгода или смрт на осигуреникот или член од потесното семејство (сопружник, дете, родител).
осигурени опасности. [1] Со осигурувањето од професионална одговорност на лица вработени во агенции за обезбедување е покриенa одговорноста на службениците за обезбедување на агенцијата за обезбедување поради професионална грешка, пропуст или повреда при вршење на дејноста обезбедување во согласност со законските прописи. [2] Во истиот степен, осигурувачот покрива и оштетување на осигурената сопственост поради грешка направена при планирањето и извршувањето на безбедносните системи кои биле планирани и извршени од страна на осигуреникот, но само ако планирањето и извршувањето биле направени за време на периодот на осигурување.
осигурени опасности. Осигурувачот е во обврска за оштетени побарувања кои ќе ги постават осигурените лица од последици на несреќен случај, односно во случај на нивна смрт корисниците на осигурувањето спрема договарачот, ако овој според постојаните прописи или правните правила е одговорен за настанатата штета, и тоа:
осигурени опасности. [1] Осигурувањето може да се договори: 1) за случај смрт од незгода и траен инвалидитет поради незгода; 2) за случај смрт од незгода, траен инвалидитет поради незгода и надомест на болнички денови.
осигурени опасности. [1] Осигурувањето покрива штета што настанала поради тоа што осигурените предмети биле однесени, уништени или оштетени при провала (провална кражба) или разбојништво или во обид за овие дела. [2] Осигурувањето не покрива штета: 1) ако провалната кражба или разбојништвото или обидот за провала или разбојништво ја извршило или во нив учестувало лице поврзано со осигуреникот. Според овој дел од условите, за лица поврзани со осигуреникот се сметаат лицата кои живеат со осигуреникот или се во роднински односи со осигуреникот, како и вработените кај осигуреникот; 2) поради измама, проневера, затајување или кражба; 3) кои произлегуваат индиректно од осигурениот случај (одговорност, казни, губење на заработка, изгубена наемнина, изгубено време, прекини во работата, доцнење, намалување на вредноста и слични загуби).