Examples of Понуда in a sentence
Секоја Понуда која Работодавачот ќе ја добие по крајниот рок за поднесување на понуди ќе се прогласи за задоцнета и како таква ќе биде одбиена и неотворена ќе се врати до Понудувачот.
Било кој обид од страна на Понудувачот да влијае врз Работодавачот во текот на процесот на евалуација на Понудите или врз одлуката за доделување на договорот може да резултира со одбивање на таа Понуда.
За време на периодот на мирување, може: Да побарате дебрифинг во врска со евалуацијата на Вашата Понуда, и/или Да поднесете жалба во врска со набавката и одлуката за доделување на Договорот.
Понудувачот треба да ги провери сите упатства, обрасци, услови и спецификации кои се наведени во тендерската документација и заедно со својата Понуда да ги достави сите информации или документи кои се потребни согласно тендерската документација.
Понудувачот може да ја повлече, замени или модифицира својата Понуда преку писмено известување кое ќе биде уредно потпишано од овластен претставник, притоа вклучувајќи ја и копијата од овластувањето во согласност со ИП 20.3 (не е потребна копија од известувањето при повлекување на понудата).