ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА Примери за клаузули

ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. [1] Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа стасаната премија за осигурување. [2] Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. Aкo e дoгoвopeнo пpeмиjaтa дa ce плaќа пo cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт, oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт дa го иcплaти нaдoмecтот oд ocигypyвaњeтo пoчнyвa пo иcтeк нa дваесет и четвртиот час од денот кој во полисата е назначен како почеток осигурувањето.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. 1. Во случај кога договарачот на осигурувањето нема да ја плати доспеаната премија од осигурувањето, осигурителот преку препорачано писмо ќе му достави повик за плаќање на доспеаната премија од осигурувањето. 2. Повикот до договарачот на осигурувањето мора да биде доставен со препорачано писмо, чии трошоци паѓаат на товар на договарачот. Доколку договарачот на осигурувањето не ја плати доспеаната премија во рокот кој му е определен во повикот (рокот не може да биде пократок од еден месец од денот на доставување на повикот), ниту пак тоа го направи друго заинтересирано лице, осигурителот има две законски можности:
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. [1] Обврската на осигурувачот престанува ако договарачот не ја плати доспеаната премија за осигурување по склучување на Договорот за осигурување, освен ако тоа не го направи некое друго заинтересирано лице во рок од 30 дена од денот кога на договарачот му било врачено препорачано писмо од осигурувачот за доспеаноста на премијата. Тој рок не може да истече пред да поминат 30 дена од доспеаноста на премијата за осигурување. [2] Осигурувачот може по истекот на рокот од став 1 од овој член, да го откаже Договорот за осигурување без отказен рок доколку договарачот доцни со плаќањето на премијата која треба да ја плати по склучувањето на договорот, односно ако доцни со друга или следна премија. Откажувањето на Договорот за осигурување настапува по истекот на рокот од став 1 од овој член и со престанокот на осигурителното покритие, ако договарачот е предупреден со препорачано писмо за доспеаноста на премијата, како и за престанокот на осигурителното покритие. [3] Во секој случај, Договорот за осигурување престанува да важи ако премијата не биде платена во рок од 1 година од доспеаноста во согласност со законските одредби. [4] Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. Бидејќи е договорено премијата да се плаќа при склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува наредниот ден од денот на уплатата на премијата.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. Ако е договорено премијата да се плаќа при склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува наредниот ден од денот на уплатата на премијата. • Ако е договорено премијата да се плаќа по склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува од денот определен во договорот како ден на почеток на осигурувањето. • Во секој случај договорот за осигурување престанува според самиот закон ако премијата не биде платена во рок од една година од стасаноста.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. [1] Ако е договорено премијата да се плаќа при склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува третиот ден од денот на уплатата на премијата. [2] Ако е договорено премијата да се плаќа по склучувањето на договорот, обврската на осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува од денот определен во договорот како ден на почеток на осигурувањето, односно од третиот ден. [3] Ако договарачот на осигурувањето премијата што стасала по склучувањето на договорот не ја плати до стасаноста, ниту тоа го стори некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува, по истекот на рокот од 30 дена од кога на договарачот на осигурувањето му е врачено препорачано писмо од осигурувачот со известување за стасаноста на премијата, но со тоа што тој рок да не може да истече пред да поминат 30 дена од стасаноста на премијата. [4] Во секој случај договорот за осигурување престанува ако премијата не биде платена во рок од една година од стасаноста.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. Ако договарачот на осигурување на живот не плати некоја премија во рокот на стасаноста,осигурувачот нема право да ја бара по судски пат. Кога и по добиената опомена договарачот на ја плати стасаната премија осигурувачот може да ја намали осигурената сума.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. Доколку доспеаната премија не се плати во договорениот рок, осигурувачот праќа препорачано писмо до договарачот за плаќање на премијата.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА. (1) Ако премијата не е платена пет месеци по пристигнувањето за наплата, осигурувачот може да го повика договорувачот да ја плати премијата. Ако на барањето на осигурувачот, кое мора да му биде врачено со препорачано писмо, договорувачот не ја плати достасаната премија за плаќање во рокот кој е одреден во писмото, а кој не смее да биде пократок од еден месец сметано од тогаш кога барањето му било врачено, а тоа не го стори ниту тој ниту некое друго заинтересирано лице, осигурувачот може ако дотогаш биле платени премии најмалку за две полни години, кај осигурувањата со период на осигурување заклучно до 12 години, односно најмалку за три полни години кај осигурувањата со период на осигурување од 13 до 25 години –да му каже на договорувачот дека ја намалува договорената осигурена сума без понатамошно плаќање на премијата (капитализација), а во спротивно дека го раскинува Договорот. Осигурувачот не ги враќа премиите кои биле платени до раскинувањето на Договорот. (2) Намалена осигурена сума во смисла на првиот став од овој член по методите на актуарската математика се пресметува на тој начин што математичката резерва, која одговара на платената премија, се смета како еднократна премија, врз основа на која потоа се пресметува намалената осигурена сума. (3) Во случај на капитализација, односно намалување на осигурената сума согласно дотогаш уплатената премија, престануваат да важат обврските за исплата на осигурена сума преку рата што осигуреникот ја избрал како опција. Во овој случај на осигуреникот ќе му се исплати еднократен износ во висина на капитализираната осигурена сума. (4) Во случај на капитализација престануваат да важат дополнителните осигурувања, кои се приклучени кон детското штедно осигурување.