Начин на склучување на договор. (1) Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето започнува во 24:00 часот во оној ден кој како почеток на осигурувањето е означен во полисата за сите претплатници кои што тој ден биле редовни претплатници. За секој нов претплатник што се претплатил по почетокот на осигурувањето започнува во 24:00 часот од оној ден кога е извршена уплатата на касата на договорувачот, односно во пошта или банка.
(2) За секој одделен претплатник осигурувањето престанува да важи во 24:00 часот оној ден кога го изгубил својството на претплатник.
Начин на склучување на договор. 1. Договорот за осигурување ќе се смета за склучен кога страните ќе ја потпишат Осигурителната полиса и понуда.
2. Договор за осигурување во случај на смрт од болест се склучува врз основа на писмена понуда. Понудата мора да биде потпишана од страна на договорувачот.
3. Понудата ги содржи следните елементи: број на понуда, назив на осигурителот, правен статус, седиште, адреса и контакт-телефон на друштвото за осигурување или доколку договорот е склучен преку друштво за застапување во осигурување или осигурително брокерско друштво; назив на фирмата, назив на договорувачот, адреса и правен статус, осигуреници, ризици опфатени со осигурувањето, почеток и датум на истекување на осигурувањето, осигурена сума, осигурителна премија, динамика на плаќање и потребните потписи.
4. Осигурителот ја подготвува полисата во еден примерок, според податоците од доставената понуда.
5. Осигурителот ја потпишува полисата за осигурување при нејзиното издавање, додека потписот на договорувачот на осигурувањето во понудата и потписот на осигуреникот во изјавата за пристапување во осигување се сметаат како потписи на полисата.
6. Полисата ги содржи следните елементи: број на полиса, назив на осигурителот, правен статус, седиште, адреса и контакт-телефон на друштвото за осигурување или осигурително брокерско друштво, во случај кога Договорот е склучен преку друштво за застапување во осигурување или осигурително брокерско друштво; назив на фирмата, правен статус, осигуреници, ризиците опфатени со осигурувањето, почеток и датум на истекување на осигурувањето, осигурена сума, осигурителна премија, динамика на плаќање, корисник на осигурувањето во случај на смрт, услови согласно кои е склучено осигурувањето, датум и место на издавање на полисата и потребните потписи.
7. На полисата се запишува почетниот број на осигуреници, со тоа што договорувачот е должен да ја пријави секоја промена во бројот на осигурени работници секој месец.
8. На крајот на секоја осигурителна година, задолжително се изработува конечна пресметка на премијата соодветно на вистинскиот број на работници, ако не е поинаку договорено.
9. Договорот за колективно осигурување на работниците од настапување на смрт од болест може да се склучи со назначување на осигурениците во полисата на список приложен кон полисата и без назначување на осигурениците во полисата.
10. Ако е договорено осигурување на работници според приложен список на осигуреници, списокот мора да содржи име, презиме и матичен број на секој осигуреник. Оси...
Начин на склучување на договор. Договорот за осигурување за секој посетител на објект за рекреација (во понатамошен текст: посетител) се склучува според вкупниот број на продадени влезни билети за време на траењето на осигурувањето.
Начин на склучување на договор. Договорот за осигурување од последици на несреќен случај за секој одделен посетител се склучува според вкупни продадените влезни билети за време на траењето на осигурувањето.
Начин на склучување на договор. (1) Договорот за осигурување на потрошувачи на електрична енергија, гас и слично од последици на несреќен случај се склучува врз основа на службената евиденција на договорувачот на осигурувањето.
(2) Со овој договор можат да се осигураат и членовите на домаќинството на потрошувачот.
Начин на склучување на договор. (1) Договорот за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај се склучува според евиденцијата на договорувачот на осигурувањето означен во полисата.
Начин на склучување на договор. Договорот за осигурување гости од последици на несреќен случај се склучува според книгата на гости или друга евиденција што е пропишана.
Начин на склучување на договор. Договорот за осигурување на излетници се склучува според вкупно издадените билети или пријави за одење на излет и врз основа на предвидениот број на денови на траење на излетот, за секој поодделен излетник. сите книги и други евиденции од кои може да се утврди правилноста на извршената пресметка и дознаката на премијата.
Начин на склучување на договор. 1. Договорот за осигурување на фиксен надомест, може да се склучи како: • Индивидуално осигурување; • Семејно осигурување; • Групно (колективно) осигурување.
2. Со полисата за семејно осигурување може да се осигурат членови на едно семејство, кои се наведени поединечно во полисата или список кој е прилог кон полисата. Членви на семејство се сметаат: сопружник на Договорувачот на осигурувањето и деца до навршени 18 години.
3. Со полисата за групно осигурување може да се осигурат вработени лица во компании, организации, заедници и институции, ако се осигурат најмалку 10 лица, кои се наведени поединечно на список кој е составен дел на полисата.
Начин на склучување на договор. Договорот за осигурување з,а секој гостин на капалиште (во натамошен текст: капач) се склучува според вкупниот број на продадени влезни билети за време на траењето на осигурувањето.