Корисник на осигурувањето Примери за клаузули

Корисник на осигурувањето. 1. Договарачот на осигурувањето може со договор или со друг правен акт, па и со тестамент, да го определи лицето на кое ќе му припадне правото од Договорот. Ако договарачот на осигурувањето не е и осигуреникот, за определување на корисник потребна е писмена согласност од осигуреникот. 2. Корисникот не мора да биде определен по име, туку е доволно актот да ги содржи неопходните податоци за негово определување. 3. Кога за корисник се определени деца или потомци, користа им припаѓа и на оние кои се родени по склучувањето на осигурувањето, а користа наменета за сопружникот припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот кога настапила смртта. 4. Кога за корисници се определени деца, потомци или воопшто наследници, а договарачот на осигурувањето не определил како да се изврши распределбата меѓу нив, тогаш распределбата ќе се изврши пропорционално на наследничките делови, а ако корисниците не се наследници, осигурената сума ќе биде поделена на еднакви делови. 1. Ако корисникот е малолетно лице, надоместокот од осигурувањето ќе им се исплати на родителите, односно старателите. 2. Осигурителот има право од родителите или старателите да бара да обезбедат решение од надлежниот орган за да може да ја примат осигурената сума, односно надоместот кој му припаѓа на малолетникот. 1. Осигурената сума што треба да му се исплати на корисникот не влегува во наследството на договарачот на осигурувањето, па ниту тогаш кога за корисници се определени неговите наследници. 2. Право на осигурената сума има само корисникот, и тоа од моментот на склучување на Договорот за осигурување и без разлика на тоа како и кога е определен корисникот. 3. Доверителите на договарачот на осигурувањето и осигуреникот немаат никакво право на осигурената сума договорена за корисникот. Меѓутоа, ако премиите кои ги уплатил договарачот на осигурувањето биле несразмерно големи во однос на неговите можности во моментот кога биле уплатени, неговите доверители може да бараат да им се предаде дел од собраната посебна резерва кој ги надминува неговите можности, ако се исполнети претпоставките според кои доверителите имаат право на поништување на правните активности на должникот.
Корисник на осигурувањето. 1. Корисникот во случај на смрт на осигуреникот се утврдува со полисата за осигурување. 2. Ако корисникот не е одреден со полисата, корисникот се утврдува врз основа на Посебните услови со кои е склучено ова осигурување. 3. Во случај на траен инвалидитет и дневен надомест за лекување во болница, корисникот на осигурувањето е самиот осигуреник.
Корисник на осигурувањето. 1. Во случај на прекин на важноста на винкулацијата во корист на Банката, корисници на осигурувањето се законски наследници. 1. Во случај на прекин на важноста на винкулацијата во корист на Банката, ако корисникот е малолетно лице, надоместокот од осигурувањето ќе му се исплати на родителите, односно старателите. 2. Осигурувачот има право од родителите или старателите да бара да обезбедат решение од надлежниот орган за да може да ја примат осигурената сума, односно надоместот кој му припаѓа на малолетникот.
Корисник на осигурувањето. 1. Корисникот во случај на операции е самиот осигуреник. 2. Во случај на смрт на осигуреникот пред исплатата на име на покривање на операција, надоместот му се исплаќа на корисникот со утврдената полиса за осигурување на живот, односно врз основа на Општите услови за осигурување на живот со кои се склучува ова дополнително осигурување. 3.
Корисник на осигурувањето. (1) Договарачот може со договорот како и со некои правни работи подоцна, да го одреди лицето по име (корисникот) на кое ќе му припадне правото по основ на договорот. (2) Кога за корисници се одредени деца или законски наследници, користа им припаѓа и на оние кои се родени подоцна, а користа наменета на сопругот/сопругата му припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот на неговата смрт. (3) Кога за корисници се одредени деца или законски наследници, а договарачот не одредил каква ќе биде поделбата меѓу нив, поделбата ќе биде сразмерна на нивните наследнички делови. (4) Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума им се исплаќа на сметката на малолетното лице за која осигурувачот е известен од законски старател на малолетното лице. (5) Право на исплата на осигурената сума има само корисникот, независно од тоа како и кога е одреден за корисник. (6) Во случај на доживување или откуп на осигурувањето, ако не е поинаку договорено, корисникот е договорувачот на осигурувањето.
Корисник на осигурувањето. (1) Договорувачот може со договорот како и со некои правни работи подоцна, да го одреди лицето по име (корисникот) на кое ќе му припадне право по основ на договорот. (2) Кога за корисници се одредени законски наследници под тоа се сметаат: 1. Децата и брачниот другар на осигуреникот на еднакви делови, а доколку децата не се живи нивните потомци според правото на преставување; 2. Ако нема деца ниту нивни потомци, брачниот другар на едната половина, а родителите на другата; 3. Ако нема ни брачен другар само родителите; 4. Ако ги нема лицата наведени во претходните точки, другите законски наследници врз основа на судска одлука.
Корисник на осигурувањето. Договорувачот го одредува корисникот на осигурување во Договорот за осигурување.
Корисник на осигурувањето. (1) Во случај на доживување на полисата под овие услови, корисник на осигурувањето е самиот осигуреник. Ако корисникот на осигурувањето е малолетно лице, осигурената сума за доживување се исплаќа на неговите родители или старатели.
Корисник на осигурувањето. 1. Корисник на ова осигурување е осигуреното дете, а доколку детето е малолетно, тогаш тоа е родителот на осигуреното дете кое е наведено како корисник во понудата и полисата. 2. Осигурителот има право да побара од детето, односно од неговиот родител-старател да приложи решение издадено од надлежен орган за старателство, а истото ќе послужи за примање на осигурениот износ.
Корисник на осигурувањето. 2. Договарачот на осигурувањето може да достави писмено барање за откуп на последниот ден од месецот, до кој е платена осигурителната премија. 3. Договарачот на осигурувањето со договор за осигурување без 1. Договарачот на осигурувањето може во договорот за плаќање премија може да поднесе писмено барање за откуп на осигурување или со друг подоцнежен правен акт, вклучувајќи и полисата на последниот ден во месецот, во кој е поднесено тестамент, да именува лице, кое има право да располага со барањето за откуп. сите права што произлегуваат од договорот за осигурување. 4. Откупната вредност на осигурителната полиса не 2. Ако договарачот на осигурувањет о и осигуреникот не се исто соодветств ува со износот на платените премии, туку зависи од лице, за определување на корисник потребна е и писмена паричната вредност на инвестици ската сметка. согласност од осигуреникот. Откупната вредност соодветствува со паричната вредност на 3. Корисникот на осигурувањето не мора да биде определен со инвестици ската сметка во моментот на откуп, намалена за неговото име и презиме. Доволно е во актот да бидат наведени надоместокот за откуп. Одбитокот за откуп изнесува 3% од неопходните податоци за неговото одредување . паричната вредност на инвестициската сметка. За последните 3 (три) години од договорот за осигурување осигурителот нема да го наплати надоместокот за откуп. Откупната вредност ќе соодветствува со паричната вредност на инвестициската сметка.