ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА Примери за клаузули
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА. [1] Во случај на предвремено раскинување на Договорот за осигурување, осигурувачот е должен да врати дел од премијата за неискористеното време на осигурување, ако осигурената опасност престанала да постои по склучување на Договорот за осигурување. [2] Ако осигурената опасност престанала да постои пред почетокот на покритието, осигурувачот ја враќа целокупната уплатена премија, намалена за манипулативните трошоци. [3] Во другите случаи на престанување на важноста на Договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае покритието, освен ако не е поинаку договорено. [4] Враќање на премијата на барање на осигуреникот може да се изврши само врз основа на докази за исполнети услови за поврат на премија
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА. [1] На осигурувачот во целост му припаѓа премијата за тековната година на осигурување, доколку осигурениот предмет е уништен како последица на осигурените опасности. [2] Осигурувачот враќа дел од премијата за неискористеното време на осигурување, ако осигурениот предмет е уништен поради настанување на неосигурени опасности.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА. [1] Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на осигурителното покритие, осигурувачот го враќа износот на платената премија за осигурување. [2] Осигурувачот враќа дел од износот на премијата за осигурување за неискористеното времетраење на осигурувањето, доколку осигурениот предмет бил уништен или исчезнал поради неосигурени опасности, како и доколку тоталната штета е покриена врз основа на осигурувањето од одговорност на причинителот на штетата. Неискористеното времетраење на осигурување се смета од денот на прием на писменото барање на осигуреникот за поврат на премија. Осигуреникот има право да бара поврат на премија ако во таа осигурителна година не настанал осигурен случај. [3] На осигурувачот му припаѓа целата премија за тековната осигурителна година, ако осигурениот предмет е уништен поради осигурени опасности.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА. [1] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување, пред истек на периодот за кој што е платена премија за осигурување, поради одјавување на возилото од сообраќајот (поради уништување, отуѓување) или престанување на вршење на дејност, осигурувачот е должен, на барање на осигуреникот, да му врати премија за преостанатото времетраење на осигурувањето од приемот на писменото барање за поврат на премија (по метод про-рата темпорис), доколку до тогаш не настапил осигурен случај. [2] Доколку во осигурителната година настапил осигурен случај, на осигурувачот му припаѓа цела премија за тековната осигурителна година. [3] Доколку осигуреното превозно средство е уништено пред почетокот на осигурувањето, осигурувачот ја враќа премијата во целост.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА. [1] На осигурувачот во целост му припаѓа премијата за тековната осигурителна година, доколку осигурениот предмет е уништен како последица на осигурените опасности. [2] Осигурувачот враќа дел од премијата за неискористеното време на осигурување ако осигурениот предмет е уништен поради настанување на неосигурени опасности.
3 Ако осигурениот предмет е уништен пред почетокот на гаранцијата, осигурувачот ја враќа вкупната платена премија. [4] Во останатите случаи на престанок на важноста на договорот за осигурување пред завршување на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае неговата обврска, освен ако не е поинаку договорено.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА. [1] Во случаите на престанок на важноста на договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, осигурителното друштво го враќа делот од премијата за неискористеното време на осигурување ако во тој осигурителен период не настанал осигурен случај. [2] Осигурителното друштво го враќа делот од премијата за неискористеното време на осигурување од денот кога било писмено известено за престанок на важноста на договорот за осигурување.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА. (1) На осигурувачот му припаѓа целокупната премија ако осигурените посеви и плодови се уништени или оштетени од осигурените опасности.
(2) Во случај на намалување на сумата на осигурување, на осигуреникот му се враќа дел од платената премија за осигурување кој е пропорционален со намалувањето на сумата на осигурување и тоа за времето од денот кога е предадено писменото барање за намалување на сумата на осигурување до истекот на осигурувањето.
(3) Ако осигурените посеви и плодови не биле засеани или засадени или биле целосно уништени пред почетокот на осигурителното покритие, осигурувачот ја враќа премијата што била платена за тие посеви и плодови.
(4) Осигурувачот враќа дел од премијата за неискористениот дел од осигурувањето, ако осигурените посеви или плодови за времетраењето на осигурувањето се уништени од неосигурена опасност. Осигуреникот има право да побара поврат на премијата во рок од 15 дена откако биле уништени осигурените посеви и плодови.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА. [1] На осигурувачот му припаѓа целокупната премија ако осигурените посеви и плодови се уништени или оштетени како последица на осигурените опасности. [2] Во случај на намалување на сумата на осигурување, на осигуреникот му се враќа дел од платената премија за осигурување кој е пропорционален со намалувањето на сумата на осигурување и тоа за време од денот кога е предадено писменото барање за намалување на сумата на осигурување до истекот на осигурувањето. [3] Ако осигурените посеви и плодови не биле засеани или засадени или биле целосно уништени пред почетокот на гаранцијата, осигурувачот ја враќа премијата која била платена за тие посеви и плодови. Осигуреникот може да побара таков поврат на премија во рок од 15 дена од денот на завршување на сеидбата или насадувањето на посевите, односно плодовите од ист вид во исто подрачје, т.е. најкасно во рок од 15 дена пред почетокот на жетвата или бербата на исти видови на посеви и плодови во исто подрачје. [4] Осигурувачот враќа дел од премијата за неискористениот дел од осигурувањето, ако осигурените посеви или плодови за времетраењето на осигурувањето бидат уништени од неосигурена опасност. Осигуреникот има право да побара поврат на премијата во рок од 15 дена од уништувањето на осигурените посеви и плодови.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА. [1] На осигурувачот му припаѓа премија за тековната осигурителна година во целост ако:
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА. На осигурувачот му припаѓа премијата за тековната година во целост доколку е осигуреното возило уништено поради една од осигурените опасности