РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО Примери за клаузули

РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) На договорувачот му припаѓаат сите права од склучениот договор, сè додека не настапи осигурениот случај. (2) Сите изјави и барања на договорувачот се обврзувачки за осигурувачот доколку се дадени во пишана форма или на образец на осигурувачот, и примени се од страна на осигурувачот пред да настапи осигурениот случај. (3) Доколку корисникот умре пред да настапи осигурениот случај, осигурената сума не му припаѓа на неговите наследници, туку на следниот корисник, а ако тој не е одреден, тогаш на имотот на договорувачот. (4) Своето право на осигурената сума корисникот може да го пренесе на друго лице и пред настапот на осигурениот случај, но за тоа му е потребна писмена согласност на договорувачот на осигурувањето во која мора да биде наведено името и презимето на лицето на кое правото се пренесува. Ако осигурување на живот се однесува на животот на некое друго лице, тогаш е потребна иста таква согласност и од тоа лице.
РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. Сите права кои произлегуваат од Договорот за животно осигурување му припаѓаат на договарачот на осигурувањето сѐ додека не настапи осигурениот случај. 2. Сите изјави и барања од договарачот на осигурувањето се обврзувачки за осигурителот, доколку се составени во писмена форма и се доставени пред настанување на осигурениот случај. 3. Доколку лицето одредено како корисник почине пред настанување на осигурениот случај, осигурениот износ не им припаѓа на неговите законски наследници, туку на следниот корисник, а ако не е дефиниран следен корисник, тогаш на договарачот на осигурувањето. Своето право на осигурениот износ корисникот може да го пренесе на друго лице пред настанување на осигурениот случај, но за тоа му е потребна писмена согласност од договарачот на осигурувањето, во која мора да биде наведено името на лицето врз кое се пренесува правото. Доколку осигурувањето се однесува на животот на некое друго лице, потребна е иста таква согласност и од тоа лице. 4. Кога Договорот за животно осигурување е винкулиран, сите права од него ѝ припаѓаат на финансиската институција, освен ако осигуреникот не го исплати заемот предвремено. Доколку заемот е предвремено исплатен, финансиската институција е должна да му го предаде оригиналот од полисата на осигуреникот и да го извести осигурителот за прекинот на винкулацијата.
РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. Сите права кои произлегуваат од овој договор за осигурување на живот припаѓаат на договорувачот се додека не настапи осигурен случај.
РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) На договорувачот му припаѓаат сите права од склучениот договор, сè додека не настапи осигурениот случај. (2) Сите изјави и барања на договорувачот се обврзувачки за осигурувачот доколку се дадени во писмена форма или на образец на осигурувачот, и примени се од страна на осигурувачот пред да настапи осигурениот случај. (3) Доколку настапи смрт на корисникот пред да настапи осигурениот случај, осигурената сума не му припаѓа на неговите наследници, туку на следниот корисник, а ако тој не е одреден, тогаш на имотот на договорувачот. Своето право на осигурената сума корисникот не може да го пренесе на друго лице
РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. [1] Сѐ додека не настапи осигурен случај, на договорувач му припаѓаат сите права од осигурувањето. [2] Сите дадени изјави и одлуки од страна на договорувач се задолжителни за осигурувачот само доколку се доставени до осигурувачот пред да настапи осигурениот случај. [3] Ако корисникот умре пред настанувањето на осигурениот случај, осигурената сума му припаѓа на следниот корисник, а ако тој не е одреден, на имотот на договорувач. [4] Ако осигурувањето се однесува на животот на некој друг, за одредување на корисникот е потребна и негова писмена согласност.
РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Сите права што произлегуваат од договорот за колективно осигурување на живот му припаѓаат на договарачот се додека не настапи осигурениот случај. (2) Сите изјави и барања на договарачот, осигурувачот може да ги прифати под услов да се писмено доставени пред настанување на осигурениот случај. (3) Кога лице одредено за корисник почине пред да настане осигурен случај, осигурената сума не им припаѓа на неговите наследници, туку на нареден корисник, а ако тој не е одреден тогаш на имотот на договарачот.
РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. Сите права кои произлегуваат од договорот за осигурување на животот во случај на смрт, доживување или настанување на тешки болести му припаѓаат на Договорувачот на осигурувањето сè додека не настапи осигурениот случај. 2. Доколку осигурувањето на живот е договорено во случај на смрт, доживување или настапување на тешки болести на некое трето лице, за располагање со правата, во смисла на претходниот став, потребна е пишана согласност од Осигуреникот. 3. Cите изјави и барања на Договорувачот, во смисла на претходните ставови, го обврзуваат Осигурувачот под услов да му се доставени во пишана форма пред настанувањето на осигурениот случај. 4. Кога лицето одредено за корисник умре пред настанувањето на осигурениот случај, користа од осигурувањето не припаѓа на неговите наследници, туку на наредниот корисник, а ако ова не е одредено, тогаш на имотот на Договорувачот на осигурувањето. 5. Своето право на осигурената сума корисникот може да го пренесе на друго лице пред настанувањето на осигурениот случај, но за тоа му е потребна пишана согласност на Договорувачот, во која мора да биде наведено името на лицето на кое правото се пренесува, а ако осигурувањето се однесува на животот на некое друго лице, потребна е согласност и од тоа лице.
РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. Сите права кои произлегуваат од договорот за РИЗИКО осигурување на живот му припаѓат на договорувачот на осигурувањето се додека не настапи осигурениот случај. 2. Доколку осигурувањето на живот во случај на смрт е договорено за трето лице, за располагање со правата во смисла на претходниот став потребна е писмена согласност од осигуреникот. 3. Сите изјави и барања од договорувачот на осигурувањето, во смисла на претходниот став од овој член, го обврзуваат Осигурувачот под услов да се доставени во писмена форма. 4. Кога лицето одредено за корисник умре пред да настане осигурениот случај, користа од осигурувањето не му припаѓа на неговите наследници, туку на наредниот корисник, а ако тој не е одреден, тогаш на имотот на договорувачот на осигурувањето. 5. Своето право на осигурената сума корисникот може да ја пренесе на друго лице пред настанување на осигурениот случај, доколку има писмена согласност од договорувачот на осигурувањето во која мора да бидат наведени имињата на лицата на кого се пренесуваат правата, а доколку осигурувањето на живот се однесува на некое друго лице, потребна е согласност и од тоа лице.
РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. На договорувачот му припаѓаат сите права што произлегуваат од склучениот договор за колективно ризико осигурување за случај на смрт, сè додека не настапи осигурениот случај. 2. Сите изјави и барања на договорувачот се обврзувачки за осигурувачот доколку се дадени во писмена форма или на образец на осигурувачот, и се примени од страна на осигурувачот пред да настапи осигурениот случај.
РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) На договорувачот му припаѓаат сите права од склучениот договор се до моментот додека не настапи осигурен случај. (2) Сите изјави и барања на договорувачот се обврзувачки за осигурувачот, доколку се дадени во писмена форма или на образец на осигурувачот, и примени се од страна на осигурувачот пред да настапи осигурениот случај.