ПОНУДА Примери за клаузули

ПОНУДА. 1. Понудата за осигурување на живот, поднесена во образец на осигурувачот, е составен дел на договорот за осигурување. 2. Понудата треба да биде целосно пополнета, вистинито и точно, и во неа мора да се наведат сите значајни факти за прием во осигурување и склучување на договор. 3. Осигурувачот има право, по прием на понудата, да побара дополнителни податоци за утврдување на дополнителни факти важни за прием во осигурување и склучување на договор, вклучувајќи и лекарски преглед на осигуреникот. 4. Во случај кога договорувачот не е истовремено и осигуреник, понудата треба да биде потпишана и од страна на осигуреникот. 1. Понудата за склучување на договор доставена во писмена форма е валидна за барателот 8 дена од денот кога осигурувачот ја примил понудата за осигурување без лекарски преглед, во случај кога е потребен лекарски преглед понудата е валидна за период од 30 дена. Ако осигурувачот во тој период не ја одбие понудата, која е во согласност со условите на осигурувачот, ќе се смета дека осигурувачот ја прифатил понудата и дека договорот е склучен. 2. Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се во писмена форма да го известат осигурувачот дали во периодот од поднесување на понудата за осигурување до склучување на договорот настапи зголемување на опасноста по здравјето или животот на осигуреникот, како што е појава на болест, потешка болест или повреда на осигуреникот, промена на професијата или занимавање со спорт. 3. Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без дополнително објаснување за причините за одбивање на понудата, а понудата со приложените документи, освен документите предадени во оригинал, не му се враќаат на осигуреникот / договорувачот.
ПОНУДА. 1. Договор за животно осигурување се склучува врз основа на писмена понуда. Понудата мора да биде потпишана од страна на понудувачот. 2. Понудата за животно осигурување мора да ги содржи сите важни елементи кои се потребни за склучување на Договорот за осигурување. 3. Сите промени во понудата или барањата на понудувачот (договарачот на осигурувањето) или осигурителот мора да бидат во писмена форма, а ќе се сметаат за поднесени на денот кога ќе ги прими страната за која се наменети. 4. Сите податоци што се наведени во понудата мора да бидат точни и вистинити, а особено внимание треба да се обрне на одговорот на здравствените прашања наведени во неа. 5. Според податоците кои се наоѓаат во писмената понуда за осигурување, осигурителот го задржува правото да бара дополнителни податоци (на пр., лекарски преглед) за цели на склучување на Договорот. 6. Понудувачот има обврска без одложување да го извести осигурителот за зголемување на опасностите кои влијаат врз висината на ризикот, а кои настанале во периодот од поднесување на понудата за осигурување до моментот на склучување на Договорот. Под зголемување на опасности се сметаат заболувања, повреди на осигуреникот, занимавање со спорт, промена на професијата, промена на земја на престој и слично. 7. Во случаите кога понудувачот (договарачот на осигурувањето) не е и осигуреник, потребна е писмена согласност од осигуреникот дадена во понудата или во одвоено писмо во моментот на потпишување на понудата, со назначена осигурена сума во случај на смрт. 8. Осигурителот има право да ја одбие понудата за осигурување, без да ги наведува причините за нејзиното одбивање, а понудата заедно со приложените документи не му се враќа на понудувачот. Осигурителот во овој случај му го враќа на понудувачот вкупниот износ од дотогаш платени премии од осигурувањето, без намалување за трошоците за административна обработка на понудата.
ПОНУДА. (1) Понудата за детско штедно осигурување поднесена на образец на осигурувачот е составен и неразделен дел на договорот за детско штедно осигурување и ги содржи сите битни елементи на договорот. (2) Понудата мора да се пополни целосно, вистинито и точно, во неа мора да се наведат сите факти битни за превземање на ризикот и склучувањето на договорот за детско штедно осигурување. (3) Осигурувачот има право, по прием на понудата да побара дополнителни податоци, односно да утврди дополнителни факти за склучување на договорот. (4) Понудата ја потпишува договорувачот (лицето кое го договорува осигурувањето и ја плаќа премијата) и родителот или старателот на детето - осигуреник. (1) Писмената понуда за склучување на договорот го обврзува осигурувачот да одговори на понудата 8 (осум) дена од денот кога осигурувачот ја примил понудата за осигурување и дополнителна документација (2) Осигурителот може да ја прифати понудата која не отстапува од условите на осигурителот под кои се склучува предложеното осигурување, односно осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување на посебни причини за одбивање на понудата, а понудата со приложените документи, освен документи предадени во оригинал, не ги враќа на понудувачот. (3) Договорувачот е должен писмено да го извести Осигурувачот ако во периодот од поднесување на понудата до склучување на договорот за осигурување настане зголемување на опасноста по здравјето или животот на осигуреникот, како тешка болест или повреда на осигуреникот.
ПОНУДА. Понуда за продажба на електрична енергија (MWh) по одредена цена (ЕUR/MWh) заокружена на две децимали, доставена од страна на квалификуван понудувач.
ПОНУДА. 1. Договорот за колективно ризико осигурување на животот во случај на смрт од болест се склучува врз основа на писмена понуда. Понудата за осигурување на живот се поднесува во писмена форма на образец на осигурувачот која е составен и неразделен дел на договорот и ги содржи сите суштински елементи на договорот за осигурување. 2. Понудата мора да се пополни целосно, вистинито и точно . 3. Понудата за склучување на договор за осигурување која била поднесена до осигурувачот, го обврзува осигурувачот да му одговори на понудувачот во рок од 8 дена од денот кога ја примил понудата. Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата, за која понудувачот се обврзал согласно Законот, а која не отстапува од условите според кои тој го врши предложеното осигурување, се смета дека понудата е прифатена и дека договорот е склучен оној ден кога понудата пристигнала кај осигурувачот. 4. Понудата е составен дел на договорот за осигурување и мора да биде потпишана од двете страни. 5. Осигурувачот има право, по приемот на понудата, да побара и дополнителни податоци, односно да побара информации битни за склучување на договорот. 6. Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување на причините за одбивање на понудата.
ПОНУДА. Договорот за осигурување може да се склучи врз основа на писмена понуда, која е на образецот на осигурувачот, која ги содржи сите суштински компоненти на договорот, а му се дава на осигурувачот во печатена форма. Понудата мора да биде потпишана од двете договорни страни, а ако договарачот и осигуреникот не се исто лице, на понудата е потребен и потпис и на осигуреникот, а наместо тоа договарачот може да приложи и писмена согласност со понудата во која е наведена сумата на осигурување за која се склучува осигурувањето.
ПОНУДА. Без оглед на ИП 26.2, од времето на отворање на понудите до времето на доделување на договорот, доколку кој било Понудувач сака да контактира со Работодавачот за било каква работа поврзана со тендерската постапка, тоа треба да го направи во писмена форма.
ПОНУДА пишан предлог на Понудувачот за склучување на договор за осигурување изготвен од Осигурувачот;
ПОНУДА. Понудата е предлог за склучување на договор направен за определено лице кој ги содржи сите суштествени состојки на договорот така што со неговото прифаќање би можел да се склучи договор.