осигурен случај. Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.
осигурен случај. За осигурен случај според овие услови се смета законската одговорност на нотарот и заменикот на нотарот за пропуст или грешка во вршење на нотарската служба (во поединечен нотарски акт, записник или потврда, односно при застапување пред судовите или друг орган на власта), со што ќе предизвика штета на трети лица во време на осигурувањето. Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога се остварил штетен настан врз основа на кој би можело да се истакне оштетно барање од трето лице за чисто имотна штета. Осигурениот случај треба да биде иден, неизвесен и независен од исклучива воља на осигуреникот. Се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога е сторено дејствие, односно настанало пропуштање при обавување на дејност означена во полисата, со кое е предизвикана чиста имотна штета на трето лице.
осигурен случај. (1) Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај) мора да биде иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на договарачот. (Член 954, став 1) Се смета дека во осигурувањето на предмети настанал осигурен случај во оној момент кога една од осигурените опасности ненадејно и неочекувано почнала да се остварува на осигурениот предмет и да го оштетува, односно да ја остварува штетата.
осигурен случај. Осигурувањето ќе важи за опасности настанати на осигурениот имотот: кои настануваат преку директно влијание од осигурен ризик за осигурен имот на осигурена локација (осигурен случај); кои настануваат при мистериозно исчезнување на осигурена ствар за време на осигурен случај;
осигурен случај. (1) Осигурен случај е иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот, штетен настан, врз основа на кој трето оштетено лице би можело да бара надомест на штета. Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога таквиот настан почнал да се остварува.
осигурен случај. Кај осигурување на посеви и плодови се смета дека настанал осигурен случај во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурените посеви и плодови.
осигурен случај. [1] Под осигурен случај од престанок на работен однос се смета неспособноста на осигуреникот да ги подмирува обврските по Договорот за кредит поради престанок на работниот однос, доколку во текот на траењето на Договорот за осигурување осигуреникот стекне статус на невработено лице во согласност со став 3 од овој член и со тоа остане континуирано невработено подолго од договорениот период на чекање во согласност со овие Општи услови. [2] Во смисла на овие Општи услови, за престанување на работен однос се смета само недоброволна невработеност на осигуреникот, односно кога станува збор за редовен отказ од деловни причини. Под редовен отказ од деловни причини од страна на работодавецот се смета: - раскинување на Договорот за вработување заради престанок на потребата за извршување одредена работа под услови од Договорот за вработување поради економски, организациски, технолошки, структурни и слични причини од страна на работодавецот; - или раскинување на Договорот за вработување поради покренување постапка за престанување со работа на работодавецот (стечајна постапка, постапка на ликвидација или други случаи на престанок). [3] Во смисла на овие Општи услови, за невработено се смета лицето: - кое нема заснован работен однос со Договор за вработување кај работодавец или со Договор за отстапување на привремена работа кај работодавец корисник преку Агенција за привремени вработувања; - кое се води во евиденцијата на невработени во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кое активно бара вработување, што се докажува со потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија; - кое остварува право на паричен надомест за време на невработеност во согласност со важечкиот Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, што се докажува со потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, на која задолжително се наведува датумот кога невработеното лице стекнало право на паричен надомест, или потврда од други надлежни државни институции.
осигурен случај. [1] Осигурувачот ја покрива штетата врз основа на оштетни побарувања кои третото лице ги поднесува кон осигуреникот поради иден, неизвесен и независен од волјата на осигуреникот настан (несреќен случај), којшто произлегува од изворот на опасност наведен во полисата и кој за последица има:
осигурен случај иден неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот штетен настан кој има за последица настанување на штета, за која надомест може да бара трето оштетно лице;
осигурен случај. [1] Осигурувачот ги надоместува оштетните побарувања кои нарачателите на услугите за првпат ги доставиле кон осигуреникот за времетраење на осигурувањето, односно, доколку е посебно договорено, и во продолжен период за поднесување на оштетни побарувања, што биле пријавени кај осигурувачот веднаш кога тоа било можно, но најдоцна во рок од 30 дена откако против осигуреникот има оштетно побарување, како и оштетни побарувања кои произлегуваат од стручни грешки на осигуреникот што настанале за времетраење на осигурувањето, а истовремено штетата не е покриена по некоја друга полиса за осигурување која ја има, односно која ја имал склучено осигуреникот. [2] За оштетно побарување се смета: