ФРАНШИЗА Примери за клаузули
ФРАНШИЗА. При остварување на правото на надомест од осигурување, осигурувачот во целост ги надоместува трошоците за здравствените услуги, лекови и амбулантска рехабилитација, односно осигурувањето се склучува без учество на осигуреникот во штета (франшиза).
ФРАНШИЗА. Осигуреникот може да договори со осигурувачот сам да учествува во секоја штета со одреден износ од утврдената висина за надомест на штата. Ако е договорено да осигуреникот учествува во секој штетен настан, во случај на настанување на осигуран случај, осигурувачот има обврска да исплати оној дел од штетата која го поминува износот на договорената франшиза.
ФРАНШИЗА. Осигурувачот ќе ја надомести настанатата штета поради сообраќајна незгода, пожар и експлозија без франшиза. Во случај на погрешно предавање на пратката поради измама на возачите и кражба, осигуреникот учествува со 20% франшиза од настанатата штета. Во сите други случаи франшизата ќе изнесува во висина на природната загуба (кало, крш, растур) за кој дел согласно законските прописи и условите за осигурување, не одговара превозникот.
ФРАНШИЗА. Франшизата се одбива во износ утврден во полисата и се применува кај секоја поединечна штета и засебна хаварија. Франшизата не се применува кај штети на потполна загуба, трошоци на спасување. или генерални хаварии.
ФРАНШИЗА. Осигуреникот може да договори со осигурувачот сам да учествува во секоја штета со одреден износ од утврдената висина за надомест на штета. Ако осигуреникот договори франшиза, се намалува и премијата за осигурување во зависност од договрениот износ.
ФРАНШИЗА. Задолжителна франшиза во секој штетен настан од 250 ЕУР во денарска противвредност на денот на настанувањето на штетата, кога оштетено лице како трето лице се јавува физичко лице.
ФРАНШИЗА. Ако е договорено осигуреникот да сноси дел од штетата (договорен самопридржај, франшиза), при настанување на осигурен случај надоместокот од осигурувањето ќе се утврди на тој начин што на осигуреникот отпаѓа дел од штетата во висина на договорениот самопридржај.
ФРАНШИЗА. Во секој остварен осигурен случај пресметаниот надомест се намалува за франшизата (која се запишува во полисата).
ФРАНШИЗА. Франшизата (учество на осигуреникот во секоја штета) претставува износ кој е прво настанат и платлив од страна на осигуреникот во секоја штета, утврден како процент од износот на штетата. Франшизата се однесува на штетите и трошоците за тужба или комбинација од истите.
ФРАНШИЗА. [1] Осигурувачот нема обврски во врска со:
1) претходни состојби, освен ако при склучување на осигурувањето истите му биле пријавени на осигурувачот и доколку осигурувачот ги прифатил. Во секој случај Осигурувачот нема обврска за надомест на трошоци за лекување кои ќе настанат во важноста на осигурувањето, а за кои е дадена препорака од лекар пред почетокот на важноста на осигурувањето;
2) болест, состојба, односно повреда која во договорот за осигурување е наведена меѓу исклучените обврски на осигурувачот;
3) лекувања кои не се медицински индицирани или се последица на лекарска грешка или нивната цел е подобрување на психофизичката состојба на осигуреникот;
4) за извршени операции кои не се претходно најавени во центарот за асистенција Инфо-здравје (освен доколку се работи за итен медицински случај). [2] Осигурувачот нема обврски во случај на операции во врска со:
1) трансплантации – во кој осигуреникот е дарител на орган, како и во врска со дефекти и компликации, односно по оперативни зафати;
2) отстранување на внатрешен остеосинтетски материјал освен во случај кога истиот е имплантиран при операција која била покриена со договор за осигурување, а под услов отстранувањето на остеосинтетскиот материјал да се врши во рамки на осигурително покритие;
3) вродени маани;
4) алтернативен, комплементарен или експериментален третман;
5) синдром на стекната имунска инсуфициенција, полово преносливи болести (HPV, ХИВ, кламидија, сифилис, гонореа, микоплазма, уреоплазма, трихомонас), епилепсија и парализа;
6) психијатриски болести, општи психички проблеми, душевни нарушувања, нарушувања во исхрана и последици на акутна стресна реакција;
7) бременост, амниоцентеза, неплодност, (де)стерилизација, вештачко оплодување, породување, повреди при раѓање и операции на плодот;
8) абортус и негови последици - ако е извршен поради психолошки или социјални причини како и трошоците поврзани со медицински испитувања и доиследување за утврдување на причината за настанатиот абортус, исклучок е абортусот во итни медицински случаи односно поради медицински причини како што се: структурно, односно хромозомско оштетување на плодот, здравствена состојба која го загрозува животот на мајката, спонтан абортус и медицински индициран абортус;
9) трошоци настанати поради козметички и естетски причини,;
10) прекумерно уживање во алкохол, односно во други психоактивни супстанции;
11) промена на пол;
12) анорексија, обезност и булимија;
13) рефракциска аномалија на око (кратковидост, далековидост,...