ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Исклучени се сите обврски на осигурувачот ако несреќниот случај настанал:
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Осигурувачот нема обврски:
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. (1) Осигурувачот не е во обврска да надомести штета која е настаната:
1. За време додека со возилото управува лице без соодветна дозвола за управување на тој вид возило, освен за време на обука за стекнување на возачка дозвола што се изведува во согласност со прописите; Ќе се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола и кога со возилото управува за време додека му е изречена забрана за управување на тој вид на возило од страна на властите. Ќе се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола доколку станува збор за возач - почетник и се исполнети условите согласно член 240 збсп.
2. За време додека со возилото управува лице под дејство на алкохол, дрога или други наркотици. Во смисла на овие услови се смета дека: • Возачот е под дејство на алкохол ако во крвта има повеќе од 10,855 мили мола алкохол во 1 литар крв (повеќе од 0,5% алкохол), или без оглед на количеството на алкохол во организмот ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на алкохолна пореметеност; • Возачот не смее да управува ниту да започне со управување ниту да спороведува практичен дел од испит ако во организмот има алкохол или ако покажува знаци на алкохолна растроеност согласно одредбите во член 234 од ЗБСП; • Ако алкохолниот тест е позитивен, а не се погрижи со анализа точно да се утврди степенот на неговата алкохолисаност, освен во случај кога земањето на крв е штетно за неговото здравје (на пр. Хемофилија); • Ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подвргне на испитување на неговата алкохолисаност, или консумира алкохол и го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта; • Возачот е под дејство на дрога или други наркотици ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба на дрога или други наркотици, како и ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подвргне на испитување неговата дрогираност.
(2) Осигурувачот, меѓутоа е во обврска да ја надомести штетата ако осигурениот случај не е во заемна причинска врска со управувањето на возилото под дејство на алкохол, дрога или други наркотици или кога со возилото управува лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ, освен ако тој (осигуреникот) знаел или можел да знае дека лицето ќе го управува возилото под околностите од став 1 од овој член.
(3) Осигуреникот исто така ги губи правата од осигурување ако штетата е причинета намерно, или со измама од страна на договорувачот на осигурување, и другите соосигурени лица од ч...
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Осигурувачот не е должен да надомести штета од било каков вид, ако таа е директно или индиректно предизвикана од:
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Обврските на Осигурувачот се исклучени ако има доброволен престанок на работниот однос поради поднесување на барање за престанок на работниот однос од страна на работникот или поради спогодбено престанување на работниот однос, односно поднесување на барање за доброволен технолошки вишок од страна на работникот. Обврските на Осигурувачот се исклучени ако стигне до пензионирање по било кој основ. Обврските на Осигурувачот се исклучени поради отказ на договор за вработување од страна на работодавецот, предизвикан од однесување на Осигуреникот или одредени законски основи, и тоа: - доколку вработениот по своја вина не ги извршува работните обврски утврдени со закон, колективен договор, акт на работодавецот и договор за вработување (отказ на договор за вработување од лични причини од страна на работникот); - доколку вработениот не ги почитува, односно ги прекрши работниот ред и дисциплина или не ги исполнува работните обврски утврдени со закон, колективен договор, со акт на работодавецот и договор за вработување (причини на вина за отказ на договорот за вработување); односно доколку неговото однесување е такво што не може да го продолжи работењето кај работодавецот; - доколку вработениот направи кривично дело на работа или во врска со работата; - престанок на работниот однос поради престанок на работната дозвола; - престанок на работниот однос поради сторено кривично дело на Осигуреникот; - престанок на работниот однос кој е последица на истекот на времето за кое бил склучен договорот за вработување на определено време; - престанок на работниот однос на Осигуреникот кој е самовработен, а неговата дејност сè уште функционира; - отказ ако во моментот на започнување на осигурувањето Осигурениот случај веќе бил настанат или бил во настанување, односно било сигурно дека ќе настане што на Осигуреникот му било познато; - завршување на периодот на обука или пробна работа; - истек на договорот со кој остварува работа надвор од работниот однос. - лица кои се сопственици на компаниите кои се под стечај, ликвидација, принудна управа и кои имаат договори за вработување;
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. 1) Исклучени се сите обврски на Осигурувачот ако несреќниот случај настанал: - поради земјотрес; - поради настан кој директно се припишува на војна, инвазија, чин на надворешниот непријател, воени движења или воените операции (без оглед дали е објавена војната или не), граѓанска војна, востание, буна или револуција, граѓански немири, имајќи го во предвид нивниот обем или нивното прераснување во востание,воена или узурпаторска сила, како и било кое дејство на тероризам, пресметка на банди и криминални групи, а притоа се повреди Осигуреникот. - Ако Осигурувачот смета дека поради наведените исклучоци, оштетното барање не е покриено со ова осигурување, товарот за докажување на спротивното го сноси Осигуреникот. Во смисла на горенаведеното, дејство на тероризам значи дејство, кое вклучува, но не е ограничено на употреба на сила или насилство и/или закана со нив од страна на било кое лице или група на лица, без оглед дали дејствуваат самостојно или во име на или во врска со било која организација(и) или влада(и) обврзани за политички, религиозни, идеолошки или етнички цели или причини, вклучувајќи и намера да се влијае на било која влада и/или да се исплаши јавноста или дел од неа без оглед дали несреќниот случај бил: - директно или индиректно предизвикан од било кое погоре наведените дејства; - резултат на било кое од погоре наведените дејства; - во врска со било кое од погоре наведените дејства, и без разлика на редоследот на настаните или на евентуалната истовременост.
2) При управување со воздушни летала од сите видови, пловни објекти, моторни и други возила без пропишана службена исправа која дава овластување на возачот за управување и возење со односниот вид и тип воздушно летало, пловен објект, моторно и друго возило; Во смисла на овие услови се смета дека Осигуреникот ја поседува пропишаната службена возачка исправа кога заради подготвување и полагање испит за добивање службена исправа,вози под непосреден надзор на службено овластен стручен инструктор.
3) Поради обид или извршување на самоубиство на Осигуреникот од било кои причини, поради тоа што Осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај (незгода);
4) При договарање, обид или извршување на смислено кривично дело, како и при бегањето по таквото дејство и поради учество во тепачка;
5) Поради постоење причинско – последична врска на делувањето на наркотични средства, лекарства или алкохолизираната состојба на Осигуреникот и настанувањето на несреќниот случај (негода), при што се применуваат одр...
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Доколку привремената спреченост за работа настанала поради следните причини, обврските на Осигурувачот се исклучуваат односно: - како последица на органски мозочен синдром, астхенија, депресија, шизофренија, манично- депресивни и параноидни состојби и други психички нарушувања - како последица на примање на психолошки или психијатриски терапии; - во врска со детоксикација или терапија со сон, во врска со геријатриска или геронтолошка терапија, во врска со едукација на хендикепирани лица или говорни терапии или во врска со терапевтска гимнастика, психотерапија, физикална терапија, масажа, балнеотерапија, терапија за слабеење - по барање на Осигуреникот без претходна медицинска индикација (на пример, пластична хирургија, козметички зафати и сл.); - во врска со бременост и породување, како и за време на примање на надомест во период на породилно или трудничко отсуство - поради здравствена состојба на друго лице кое е во сродство на Осигуреникот (член на поблиско или пошироко семејство); - како последица на абортус, освен ако е индициран од страна на лекар поради здравствени причини; - во врска со последици од спонтан абортус или во врска со третман за вештачко оплодување и лекување на неплодност; - поради привремена спреченост за работа која не е предизвикана од здравствената состојба на Осигуреникот Исто така обврските на Осигурувачот се исклучуваат: - по раскинување на Договорот за осигурување (или договорот за кредит) - како последица на намерно дејство или самоповредување на Осигуреникот - како последица на војна, вооружен конфликт, инвазија, дејствување на странски непријател, непријателство, терористички активности, граѓанска војна, чин на саботажа, тероризам или вандализам, револуција, војна и друг вид узурпација на власт, како и учество на Осигуреникот во немири, штрајкови или протести од кој било вид - при подготовка, обид или извршување на кривично дело, како и при бегство по такво дејство - како последица на природна катастрофа и елементарна непогода (вулканска ерупција, земјотрес, поплава и сл.) и епидемија/пандемија - како директна последица при управување на моторно возило под дејство на наркотични средства или алкохол. Се смета дека Осигуреникот е во алкохолизирана состојба доколку се утврди дека присуството на алкохол во крвта на личноста која го управува возилото е повисоко од дозволеното согласно позитивните законски прописи кои се во сила во моментот на настанување на осигурениот случај и како директна последица на управување на моторно и д...
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Исклучени се сите обврски на осигурувачот и осигурувачот не ја покрива штетата во случај:
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. Осигурувачот не е во обврска да надомести штета која е настаната за време додека со возилото управува лице без соодветна дозвола за управување на тој ви д возило, освен за време на обука за стекнување на возачка дозвола што се изведува во согласност со прописите, како и доколку има непочитување на законската регулатива за возач аматер. Ќе се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола и кога со возилото управува за време додека му е изречена забрана за управување на тој вид на возило од страна на властите.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ. 1. Осигурителна заштита не постои за: • Лекувања кои се започнати пред почетокот на осигурувањето; • Лекувања кои се започнати по почетокот на осигурувањето,а кои поради било кои здравствени проблеми се дијагностицирани пред почетокот на осигурувањето • Естетски и козметички третмани и операции • Лекарски и козметички третмани заради лекување на акни • Немедицинска домашна нега, односно дејства поврзани со геријатрија, рехабилитација и терапевтска педагогија; • Имплантација на заби, и со нив тесно поврзани мерки и последици, освен ако истите не служат за отстранување на последиците од несреќен случај-незгода; • Сите видови на вештачко оплодување, како што е на пример in-vitro-fer- tilizacija или инсеминација; • Прегледи и медицински испитувања заради дијагностицирање на неплодност и подготовка за инсеминација или вештачко оплодување • Болничко лекување во установи (или одделенија во установи) наведени во член 10, став 13; • Превентивни периодични лекарски прегледи; • Процедури за лекување и дијагностицирање на повреди настанати од професионални спортови; • Промена на пол. • Логопедски и дефектолошки услуги
2. Осигурителната заштита не постои во случај на болест или повреда кога последиците настанале: • Ако до незгодата е дојдено како резултат на прекумерно консумирање на алкохол или дрога и други наркотици од страна на осигуреникот или кога лекување поради неумерено консумирање на алкохол или дрога и други наркотици е отежнато од страна на осигуреникот . Ако непосредно после незгодата со метод на мерење на количина на алкохол во крвта, кај осигуреникот се утврди присуство на количина на алкохол во крвта над законски дозволената. • Во случај кога осигуреникот намерно го предизвикал несреќениот случај; • При обид за самоубиство на осигуреникот од било каква причина; • При подготовка, обид или извршување на кривично дело со умисла или при бегство во такви ситуации; • При учество во физичка пресметка или предизвикување на истата преку вербална провокација; • При учество во внатрешни немири, ако осигуреникот во нив учествува на страната на оние кои ги поттикнуваат. • При активно учество во оружени акции, освен ако тоа не е дел од професионалните активности на осигуреникот. Исто така не се опфатени незгоди кои настануваат кога осигуреникот самоиницијативно учествува во заштита на имот и лица. • Во непосредна или посредна врска со воени настани од било каков вид; • Како последица од детонација на експлозив, мини, торпеда, бомби или пиротехнички средства; • Како п...