Решавање на спорови Примери за клаузули

Решавање на спорови. Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.
Решавање на спорови. Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.
Решавање на спорови. Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање. Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се решава пред надлежниот суд во Скопје.
Решавање на спорови. Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје. Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Решавање на спорови. Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање. Доколку тоа не е можно, спорот ќе го решава стварно и месно надлежниот суд во Скопје.
Решавање на спорови. Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање. Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се решава пред арбитражна комисија која ќе ја сочинуваат 3 (три) члена и тоа по 1 (еден) од двете договорни страни, а третиот член ќе го одберат заеднички од редот на арбитрите на Арбитражниот суд при Стопанска Комора на Република Македонија.
Решавање на спорови. Споровите што ќе произлезат помеѓу договорните страни ќе се решаваат спогодбено, а во спротивно за нив ќе решава Основен суд Скопје 2 - Скопје. Овие Општи услови, вклучително и Договорот, ќе се толкуваат во согласност со важечките правила и прописи во Република Македонија.
Решавање на спорови. Споровите од овие услови ќе се решаваат спогодбено или пред редовниот суд во местото на седиштето на осигурувачот.
Решавање на спорови. Купувачот и добавувачот ќе ги вложат сите напори за решавање на евентуален спор спогодбено со директни преговори за надминување на несогласување или спор помеѓу нив кои произлегуваат од толкување и примена на договорот. Доколку и покрај напорите, не може да се најде решение за настанатиот спор помеѓу купувачот и добавувачот, спорот ќе се реши во согласност со процедурите во земјата на купувачот.
Решавање на спорови. Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусобно договарање. Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, Xxxxxxxx за решавање на спорот е Основниот суд во Кочани.