ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА Примери за клаузули

ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. [1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено. [2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено. [3] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата. [4] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. Договорувачот на осигурувањето, премијата за осигурување ја плаќа веднаш при склучување на договорот за осигурување, ако поинаку не е договорено.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. (1) Премијата за осигурување договарачот на осигурувањето ја плаќа при склучувањето на договорот, ако поинаку не е договорено. Кај перманентните и повеќегодишни осигурувања премијата за следниот едногодишен период на осигурување, стасува за наплата на денот што во полисата на осигурување е означен како почеток на осигурувањето, освен ако поинаку не е договорено. (2) Договарачот на осигурување премијата ја плаќа на сопствен ризик и сопствен трошок. (3) Ако премијата е платена вирмански како ден на плаќање на премија се смета денот кога премијата е уредно уплатена кај носителот на платниот промет.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. Премијата за осигурување Договорувачот на осигурувањето ја плаќа при склучувањето на договорот, ако поинаку не е договорено. Кај перманентните и повеќегодишни осигурувања премијата за следниот период на осигурување, стасува за наплата на денот што во полисата на осигурување е означен како почеток на осигурувањето, освен ако поинаку не е договорено. Договорувачот на осигурување премијата ја плаќа на сопствен ризик и сопствен трошок.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. Премијата по однос на овие дополнителни услови, се плаќа под исти услови и рокови како и премијата по основното осигурување на живот, кон кое ова осигурување е склучено како дополнително осигурување . Во случај на неплаќње на премијата во рок определен согласно условите за основното осигурување на живот, осигурувачот ќе го повика со препорачано писмо да ја плати достасаната премија во рок од 30 дена од денот на врачувањето на препорачаното писмо. Ако во рокот утврден со препорачаното писмо од став (2) на овој член достасаната премија не ја плати договорувачот или некое друго заинтересирано лице, осигурувачот ке го раскине осигурувањето склучено по овие услови .
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. Договорувачот на осигурување премијата ја плаќа при преземање на полисата, ако поинаку не е договорено.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. [1] Премијата и сумите на осигурување кои се наоѓаат во овие услови и во Тарифата на премии за осигурување од одговорност на возарот за штети на стока примена во превоз (ТП-цмр/13-1-мк), а се изразени во евра, се пресметуваат во денари според средниот курс на НБРМ на денот на пресметка и во полисата се запишуваат во денарска противвредност. [2] Првата или еднократна премија, договорувачот на осигурувањето мора да ја плати при склучување на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. Ако е договорено премијата да се плаќа на рати, при настанување на осигурен случај за наплата доспеваат сите рати од тековната година на осигурување. [3] Ако е договорено плаќање на премијата на рати за изминато време, може да се пресмета редовна камата на износот на премијата за која е договорено одложено плаќање. Ако ратата не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета законска камата. [4] За датум на плаќање на премијата се смета денот кога налогот ќе биде евидентиран од страна на банката на осигурувачот. [5] Ако и без разлика на договореното време на осигурување во договорот била определена пониска премија, а осигурувањето од било кои причини престанало пред истекот на тој период, осигурувачот има право да ја наплати разликата до онаа премија која договорувачот на осигурувањето би морал да ја плати доколку договорот за осигурување би бил склучен само за толкав период колку што навистина траело осигурувањето. [6] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договорувачот мора да ја плати премијата за неплатениот период до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот има обврска да исплати надомест од осигурување.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. (1) Договорувачот на осигурување премијата ја плаќа при преземање на полисата, ако поинаку не е договорено. (2) Договорувачот на осигурување премијата ја плаќа на свој ризик и трошок. (3) Ако премијата е платена по пошта или преку банка - депонент, како ден на плаќање се смета денот кога премијата уредно е уплатена.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. Осигуреникот ја плаќа премијата на осигурувачот одеднаш и однапред за секоја година на осигурувањето.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. (1) Договорувачот на осигурувањето премијата ја плаќа веднаш и однапред за цела година за сите осигуреници без исклучок, ако не е поинаку договорено. (2) Ако договорувачот на осигурувањето не ја исплати премијата најдоцна во рок од 20 дена од денот на завршувањето на откупот, за секој ден на пречекорување на рокот осигурувачот ќе засмета затезна камата во висина определена со законски прописи.