Обврски на осигуреникот. 1. Возилата редовно и квалитетно да ги одржуваат и технички да се исправни и да одговараат за намената.
2. Возачите континуирано да ги обучуваат и да ги познаваат обврските и правата што произлегуваат од договорот за превоз, ЦМР конвенцијата, упатството за користење на тир карнети, упатствата на осигуреникот и осигурувачот.
3. Возачите да ги обезбеди со потребните лични и документи за превоз и средства (дозволи, тир-карнети, фактури, упатства и сл.) пред започнување на превозот.
4. Во меѓународен транспорт за релации подолги од 450 км. за секое возило да има двајца возачи само за источно европските земји.
5. При натовар и растовар на стоките возачот задолжително да е присатен и да врши правилен квантитетен и квалитетен прием и предавање на стоките, проверка на амбалажата, редењето и прицврстување и растовар на стоките.Ако има недостатоци при натовар на амбалажата да бара испраќачот веднаш да ги отстрани или во спротивно да става забелешка на товарниот лист за недостатокот при натовар или растовар што го вршат други лица.
6. Во товарниот лист прецизно, читливо и точно да биде наведена адресата на приемачот на стоката, негов телефон и да бара фотокопија од личната карта на лицето за контакт што го одредил приемачот на стоката и само на тоа лице по идентификацијата смее да ја предаде стоката. Приемачот треба да има фотокопија на броевите на ЦМР-товарниот лист, тир карнетот и бројот на пасош на возачите.
7. По идентификација на примачот, едниот возач заедно со приемачот да оди во царина за да ги следи дали царинската процедура се извршува во царина и од надлежни лица.
8. По извршената царинска процедура да се заверат товарниот лист и тир карнетот и стоката, возачот да ја предаде на правиот приемач со идентификација на магационерот на приемачот од лична карта и со внесување на податоците од истата во товарниот лист како и местото на растовар и проверка на лицето за контакт со податоците со кои возачот располага.
9. По пат на источно-европските земји возачите да настојуваат да возат во конвој со други возила и да ноќеваат и да паркираат на јавни паркинзи и царински терминали.
10. Осигуреникот е должен секоја видлива штета, за која постои одговорност на превозникот, да ја утврди со записник при предавање на пратката во присуство на приемачот на пратката и возачот пред предавање на пратката.Осигуреникот е должен веднаш или најдоцна во рок од три дена од кога ќе сознае, на осигурувачот да му ја пријави секоја штета која по негова оцена го минува износот од 1,000 ам...
Обврски на осигуреникот. Договорувачот на осигурувањето е должен, при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности значајни за оцена на ризикот, а што му се познати или не можеле да му останат непознати.
Обврски на осигуреникот. Осигуреникот мора соодветно да се грижи за одржување на осигурените градежни објекти
Обврски на осигуреникот. Осигуреникот е должен во случај на штета да ги превземе следните дејствија::
Обврски на осигуреникот. Осигуреникот е должен:
Обврски на осигуреникот. 1. Осигуреникот мора соодветно да се грижи за одржување на осигурените градежни објекти
2. Осигуреникот е должен без задоцнување и одлагање да ја пријави настанатата штета кај Осигурувачот, и на барање на Осигурувачот да достави податоци од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички Факултет, а доколку од земјотресот е нарушена статиката на објектот и има и оштетувања на конструктивните елементи, потребно е да достави и Извештај од ИЗИИС за докажување на истото.
Обврски на осигуреникот. [1] Осигуреникот е должен при склучување на договорот за осигурување да му ги пријави на осигурувачот сите околности значајни за оцена на ризикот, кои му биле познати или не можеле да му останат непознати, а особено постоењето на тешка болест пред приемот во осигурување. [2] За времетраење на договорот за осигурување осигуреникот е должен да ги пријави сите новонастанати околности кои би имале влијание врз настанување на осигурен случај. [3] Осигуреникот е должен по барање на осигурувачот да ги достави сите документи и информации потребни за утврдување на основаноста на барањето за надоместот од осигурување. [4] Осигуреникот го овластува осигурувачот во свое име да ги прибави сите здравствени податоци и документација од медицински установи со цел оцена на основаноста на барањето за надомест од осигурување.
Обврски на осигуреникот. Да ги преземе сите мерки потребни да се спречи настанувањето на осигурениот случај; Осигуреникот е во обврска да во случај на настанување на некој од осигурените ризици да преземе мерки во негова моќ, за намалување и евентуално спречување на штетните последиците.
Обврски на осигуреникот. (1) Сопственикот на моторното возило е должен да го извести друштвото за осигурувње со кое склучил договор за осигурување од автомобилска одговорност за настанување на сообраќајната негода и да досави пополнет Европски извештај за сообраќајната незгода во рок од 30 дена од денот на настанување на незгодата.
(2) Непочитувањето на рокот за известување од став 1 на овој член не влијае врз правото на оштетеното лице за надомест на штета.
(3) Доколку сопственикот на моторното возило не постапи согласно одредбите од став 1 на овој член друштвото за осигурување има право на регрес на сите исплатени средства или настанти трошоци кои не би настанале доколку сопственикот на моторното возило ги почитувал роковите за известување предвидени во став (1) на овој член.
(4) Осигуреникот, според своите можности, е во обврска да му помогне на осигурувачот во утврдување на одговорноста и е должен да му даде вистински и исцрпни податоци за штетниот настан и околностите под кои тој настанал.
(5) Ако против осигуреникот е истакнато оштетно барање, е поднесена тужба за надомест на штета, е поставено имотно правно побарување, или е ставен предлог за обезбедување на докази, тој е во обврска, без одложување, за тоа да го извести осигурувачот и да му ги достави сите докази што ги содржи соодветното побарување.
(6) Осигуреникот е должен водењето на парницата да го препушти на осигурувачот.
(7) Осигуреникот е должен обработувањето на оштетното побарување да го препушти на осигурувачот и нема право да го одбие, а особено нема право да го признае, освен ако со тоа не се прави очигледна неправда.
(8) Договорувачот на осигурување, односно осигуреникот е должен сите свои известувања упатени на осигурувачот писмено да ги потврди, а особено за промената на име, назив и адреса.
(9) Повредата на обврските од овој член има за последица смалување на обврските на осигурувачот за толку колку што настанала поголема штета поради тие повреди.
Обврски на осигуреникот. На осигуреникот му е должност да ги избере возачите и/или превозниците и другите помошници за извршување, кои совесно ќе ја обавуваат работата и на истата ќе и посветат внимание, а особено: