ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. [1] Осигурувачот се обврзува на корисникот одреден во полисата за осигурување да му ја исплати осигурената сума за доживување, ако осигуреникот или двете осигурени лица (кај заемното осигурување) го доживее/доживеат договорениот период на осигурување. Ако осигуреникот или едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) умре/умрат во времетраењето на осигурувањето, осигурувачот се обврзува на корисникот да му исплати осигурена сума за смрт или нејзин дел веднаш по смртта на осигуреникот или на еден од осигурените лица (кај заемното осигурување). Корисникот може да побара износот да му биде исплатен на рати. [2] Ако осигуреникот или едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) при осигурувањето, склучено без лекарски преглед, умре во првите шест месеци од почетокот на гаранцијата, осигурувачот е должен на корисникот веднаш по смртта на осигуреникот или на едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) да му исплати половина од осигурената сума за случај на смрт. [3] Без оглед на одредбите од вториот став на овој член, осигурувачот ќе изврши исплата на целата осигурена сума: 1) ако осигурувањето е склучено со лекарски преглед; 2) во случај на смрт на осигуреникот или на едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) поради несреќа, бременост или породување; 3) при новото осигурување, склучено без лекарски преглед, со почеток најдоцна три месеци по доживувањето на претходното осигурување кај осигурувачот.
Appears in 4 contracts
Samples: Општи Услови За Осигурување На Живот Со Штедење, Општи Услови За Осигурување На Живот Со Штедење, Општи Услови За Осигурување На Живот Со Штедење
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ. [1] Осигурувачот се обврзува на корисникот одреден во полисата за осигурување да му ја исплати осигурената сума за доживување, ако осигуреникот или двете осигурени лица (кај заемното осигурување) го доживее/доживеат договорениот период на осигурување. Ако осигуреникот или едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) умре/умрат во времетраењето на осигурувањето, осигурувачот се обврзува на корисникот да му исплати осигурена сума за смрт или нејзин дел веднаш по смртта на осигуреникот или на еден од осигурените лица (кај заемното осигурување). Корисникот може да побара износот да му биде исплатен на рати. [2] Ако осигуреникот или едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) при осигурувањето, склучено без лекарски преглед, умре во првите шест месеци од почетокот на гаранцијата, осигурувачот е должен на корисникот веднаш по смртта на осигуреникот или на едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) да му исплати половина од осигурената сума за случај на смрт. [3] Без оглед на одредбите од вториот став на овој член, осигурувачот ќе изврши исплата на целата осигурена сума:
1) ако осигурувањето е склучено со лекарски преглед;
2) во случај на смрт на осигуреникот или на едно од осигурените лица (кај заемното осигурување) поради несреќа, бременост или породување;
3) при новото осигурување, склучено без лекарски преглед, со почеток најдоцна три 3 месеци по доживувањето на претходното осигурување кај осигурувачот.
Appears in 1 contract