ОСНОВНИ ОДРЕДБИ. Со овој закон се уредуваат условите под кои можат да се вршат работи на осигурување на живот, неживотно осигурување и реосигурување, работи на застапување во осигурувањето, осигурително брокерски работи, основање, работење, супервизија и престанок со работа на трговските друштва за осигурување и реосигурување (во натамошниот текст: друштва за осигурување), осигурителните брокерски друштва и друштвата за застапување во осигурувањето како и основањето и работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување.
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ. Член 1 Со овој колективен договор се одредуваат платите, другите примања по основ на плата и надоместоци на плата на работниците кај работодавецот.
Член 2 Платата на работникот се состои од: основна плата, дел од платата за работната успешност и додатоци.
Член 3 Одделни изрази употребени во овој колективен договор го имаат следното значење:
1. Работодавец", во смисла на овој Колективен договор се јавните здравствени установи универзитетски клиники наведени во основата на овој колективен договор, Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Скопје, Ургентен центар - Скопје и Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје кои вработуваат работници врз основа на договор за вработување.
2. Работник ", во смисла на овој Колективен договор, е секое физичко лице кое е во работен однос на неопределено и определено време во здравствената дејност, со полно и скратено работно време, врз основа на склучен договор за вработување.
3. Работен однос" е договорен однос меѓу работникот и работодавецот во кој работникот доброволно се вклучува во орrанизираниот процес на работа кај работодавецот, за плата и други примања, лично непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавецот
4. Повозрасни работници" се работниците повозрасни од 57 години - жени и 59 години - мажи, кои уживаат посебна заштита согласно со Законот за работни односи.
5. Работник - инвалид" е работникот со преостаната или променета работна способност.
6. Помал работодавец" е работодавец кој вработува до 50 работници.
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ. [1] Предмет на осигурување според овие услови е законската одговорност на осигуреникот на име царински давачки или други трошоци кои што можат да бидат побарани од било кои царински органи, а кои се однесуваат на стоките увезени во било која земја што е опфатена со ТИР системот и за која е предмет на гарантното писмо; [2] Осигуреникот во писмена форма поднесува барање за добивање на гаранција до осигурувачот. Во прилог на барањето доставува список на возила со кои располага со потребните податоци (регистерски броеви за влекачи, приколки, полуприколки и др.); [3] Осигурувачот се обврзува дека на осигуреникот ќе му издаде гаранција за пристап до ТИР режим, која ќе му послужи за непречено добивање на ТИР карнет од асоцијацијата која е гарант во системот ТИР во РМ. [4] Гарантното писмо е непрекинато (постојано) и се издава на неограничено време со правно дејство од 27 месеци од денот на издадените ТИР карнети, во кој рок треба да се достави известување за рекламација на ТИР карнетите по покритие на гарантното писмо. [5] За издавање на гарантно писмо, потребно е да биде склучен годишен договор за осигурување. Поради запазување на валидноста на гарантното писмо, осигуреникот има обврска полисата за осигурување да ја обновува секоја година. Доколку осигуреникот не го обнови годишното осигурување, осигурувачот останува во обврска по гарантното писмо само по оние ТИР карнети кои биле издадени во периодот на важењето на осигурувањето. За овој прекин, осигурувачот ја известува асоцијацијата која е гарант во системот на ТИР на Р. Македонија. [6] Барање за рекламирање на ТИР карнетот се доставува од страна на гарантот на ТИР режим во рок од 27 месеци од денот на издадените ТИР карнети. [7] По исклучок, барањето за плаќање на рекламираните ТИР карнети може да се достави и по истекот на рокот од 27 месеци. [8] Финансиската обврска на осигурувачот со оваа гаранција е ограничена на износ кој е наведен во гарантното писмо за влезна гаранција. [9] Гарантното писмо е со важност се додека не се достави известување од страна на осигурувачот за престанок на важноста на истото. Финансиската обврска на осигурувачот во однос на ТИР карнетите кои ќе бидат издадени по приемот на известувањето ќе биде ништовна и неважечка.
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ. Со овој закон се уредува постапката и начинот на водење на преговори за склучување на меѓународни договори, склучувањето на меѓународни договори и пристапување кон повеќестрани меѓународни договори, покренувањето на постапката за ратификација, како и извршување на склучените меѓународни договори.
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ. Член 1 Со овој Колективен договор се одредуваат платите, другите примања по основ на плата и надоместоци на плата на работниците во ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар " Св. Пантелејмон " - Скопје, (во натамошниот текст XXX XXXXX).
Член 2 Платата на работникот во ЈЗУ УСКЦС се состои од следните компоненти: плата за извршена работа; плата по основ на услови за работа; плата по основ на раководење и одговорност; надоместок на плата и дополнителна плата од учество во добивката.
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ. Член 1 Со овој колективен договор се одредуваат платите, другите примања по основ на плата и надоместоци на плата на работниците кај работодавецот.
Член 2 Платата на работникот се состои од: основна плата, дел од платата за работната успешност и додатоци.
Член 3 Одделни изрази употребени во овој колективен договор го имаат следното значење:
1. Работодавец", во смисла на овој Колективен договор се јавните здравствени установи универзитетски клиники наведени во основата на овој колективен договор, Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Скопје, Ургентен центар - Скопје и Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје кои вработуваат работници врз основа на договор за вработување.
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ. 2.1. Овие општи услови (во натамошниот текст: Општи услови) се однесуваат за обезбедување на m:SAT TV услуга и ги регулираат односите помеѓу МТЕЛ ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: Оператор), како давател на m:SAT TV услуга и претплатници на таа услуга и ги одредуваат стандардните услови да ја обезбеди споменатата услуга.
2.2. m:SAT TV услугата вклучува испорака на телевизиски програми преку сателит до соодветната опрема, односно сателитска антена со LNB и уред за примање наречен SetTopBox или модул за условен пристап (во понатамошниот текст терминална опрема) инсталирана на локацијата на претплатникот, каде што програмска содржина е организирана во телевизиски пакети. Општите услови и спецификацијата на пакетите за телевизија во рамките на Услугата, детални технички карактеристики на Услугата, како и ценовникот на Услугата (во натамошниот текст: Ценовник), се јавно достапни, во согласност со важечките прописи, веб -страница xxx.xxxx.xx, како и во продажните места на ОПЕРАТОРОТ.
2.3. Обезбедувањето на Услугата се регулира покрај Општите услови со договор за претплата (во натамошниот текст: Договорот), кој е склучен помеѓу ОПЕРАТОРОТ и претплатникот во писмена форма. Со потпишување на Договорот, Претплатникот ја прифаќа примената на Општите услови, кои се составен дел на Договорот.
2.4. Одредбите од важечките прописи се применуваат за сите односи помеѓу ОПЕРАТОРОТ и претплатници кои не се регулирани со овие Општи Услови и правила.
2.5. ОПЕРАТОРОТ обезбедува електронска комуникациска услуга во согласност со Законот за електронски комуникации (во понатамошниот текст: Законот) и подзаконските акти. Јавните електронски комуникациски услуги се достапни на секој корисник според недискриминаторски, објективни и транспаренти услови, освен во случаи на ограничувања што се во врска со капацитетот на Операторот.
2.6. ОПЕРАТОРОТ нема да одбие да задоволи разумно барање за електронска комуникациска услуга од страна на кое било лице што е подготвено да ги прифати и да ги почитува условите за користење на услугите на Операторот.
2.7. ОПЕРАТОРОТ обезбедува пристап до јавната електронска комуникациска мрежа и до јавната електронска комуникациска услуга на своите претплатници - крајни корисници во согласност со листата на јавно објавени услуги, содржана во официјалните Понуди и Ценовник на ОПЕРАТОРОТ, врз основа на склучен договор, а по претходно добиено барање за склучување претплатнички договор, освен во случаи на ограничувања што се во врска со капацитетот и техничките м...
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ. Посебните услови за користење (во натамошниот текст ПУК) на услугите е-ДОКУМЕНТАЦИЈА ги дефинираат правата и обврските на Даталаб МК д.о.о.е.л. ЛујПастер 5/4-5 Скопје, Македонија, даночен број: 4030005549311, како ПОНУДУВАЧ на услугите е-ДОКУМЕНТАЦИЈА како и начин и услови за користење на истата.
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ. 3.1. Предмет на Општите услови за користење на универзална услуга Со овие Општи услови за користење на универзална услуга, детално се регулираат условите за поврзување на краен корисник на фиксна локација со јавна комуникациска мрежа, врз основа на негово разумно барање. • поврзување на крајниот корисник со јавната телефонска мрежа, на негово разумно барање со овозможување пристап до јавните телефонски услуги на определена фиксна географска локација, овозможувајќи му појдовни и дојдовни повици во националниот (домашниот) и меѓународниот телефонски сообраќај, комуникации преку факсимил и пренос на податоци со брзина од 2Мbps за дојдовна насока (downlink) што е доволна да се обезбеди ефикасен пристап на интернет; • обезбедување на јавни телефонски говорници или други јавни пристапни точки за обезбедување на говорни услуги за да се задоволат разумните потреби на крајните корисници од аспект на географска опфатеност со задоволителен број на јавни телефонски говорници или други јавни пристапни точки, со можност за пристап на корисниците со посебни потреби и со соодветен квалитет на услугата; • обезбедување на мерки за еднаков пристап и употреба на јавните телефонски услуги од страна на крајните корисници со посебни потреби, вклучувајќи и пристап до броеви на службите за итни повици, целосниот телефонски именик и телефонската служба за информации под еднакви услови, како и на другите крајни корисници во Република Македонија.
3.2. За крајните корисници Македонски Телеком ги обезбедува следните тарифни модели како дел од Универзалната услуга: - Минимален пакет - Тарифен модел за лица со посебни потреби - Попуст за лица со посебни потреби - Социјален припејд пакет - Пензионер - Интернет пакет за пензионери.
3.3. За сите тарифни модели споменати во член 3.2. Македонски Телеком го задржува правото најмалку еднаш годишно да побара од страна на крајните корисници да достават валидна документација со која ќе ја докажат оддржливоста за користење на соодветниот тарифен модел.
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ. Член 1 Со овој договор се основа трговско друштво како друштво со ограничена одговорност.